Контакт

Култура

Саемот на книгата следниот месец во „Борис Трајковски“

Објавено пред

„Триесет години читаме со задоволство“ е слоганот на годинешниот јубилеен Саем на книгата, а во кампањата учество ќе земат книжевни ѕвезди на македонските издавачки куќи.

dobivaj vesti na viber

Саемот го организира „Скопски саем“, под покровителство на Министерството за култура, и ќе се одржи од 3 до 9 мај во ВИП-арена „Борис Трајковски“.

Меѓународниот Саем на книгата обезбедува широка програма на изложување вклучувајќи дела од домашни и странски автори; современи и класични литературни дела; стручна, научна и белетристичка литература; енциклопедии; дела од областа на културата и уметноста; книги за млади и деца; учебници и училишни прирачници и галантерија; современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.

На Саемот учество ќе земат сите значајни издавачки куќи од замјата, но има и изложувачи што ни пристигнуваат од регионот. По повод јубилејното издание на Саемот за книгата влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен. Работното време на саемот е од 10 до 20 часот.

Култура

Концерт „Мелодија што трае“ на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

Објавено пред

Од

ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје најавува концерт „Мелодија што трае“, кој ќе се одржи на 9 април (среда) во 19:30 часот, во Музејот на македонската борба.

dobivaj vesti na viber

Настанот произлегува од едукативниот семинар спроведен под водство на проф. д-р Драган Даутовски, со активна вклученост на наставниот кадар и учениците од Насоката за традиционална музика и игра. Програмата вклучува изведби од богатата етномузиколошка архива на д-р Трпко Бицевски, која досега речиси не била јавно презентирана.

„Концертот нуди звучна слика од предели на Егејска Македонија, како Костурско, Серско и Демирхисарско, Кукушко, Драмско и Мегленско, претставени преку автентични вокални интерпретации под менторство на професорите Гордана Тасева Илиевска, м-р Мелита Ивановска, м-р Вера Милошeвска – Јосифовска, м-р Тијана Јаневска, Ленче Димовска и Антонио Стојчески, со придружба на чалгиски оркестар и оркестар со народни инструменти во изведба на ученици кои свират рамо до рамо со своите професори“, стои во најавата за концертот.

Уникатниот состав од чалгиски и народни инструменти (во состав на професорите по народни инструменти д-р Тимко Чичаковски, м-р Христијан Николовски, Оливер Настовски, Драги Полизовски и д-р Александра Кузман) нуди прекрасни оркестарски аранжмани од проф. д-р Даутовски и д-р Тимко Чичаковски.

Прикажи повеќе...

Култура

Драмски театар Скопје утре гостува на фестивалот РУТА во Тиват

Објавено пред

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во Тиват, Црна Цора. Од 7 до 12 април во организација на Центарот за култура Тиват се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

dobivaj vesti na viber

Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април 2024. Гостувањето во Тиват ќе биде 12 изведба на претставата и второ гостување вон матичната сцена. Драмски театар со оваа претстава гостуваше на РУТА во Сараево во мај 2024 година и на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во јуни 2024г.

„Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска.

Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман – Сања Арсовска, Судијата Брак – Зоран Љутков, Јерген Тесман – Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг – Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска.

Режисерот Васил Христов во програмската белешка за претставата го истакнува следното: „Во 1890 година Хенрик Ибзен ја скандализира театарската јавност и воопшто естаблишментот, создавајки уште еден женски лик кој отстапува од востановените општествени норми. Хеда Габлер како една од најпознатите (анти)хериоини во драмската литература одигрува значајна улога во подигнување на свеста за женските прашања. Ибзен создава женски лик кој одбива да живее и да им служи на конвенциите на патријархалното општество. Нејзината борба за автономност и потрага по совршенство како и нејзината амбиција да поседува „машка моќ“ да може да влијае како врз сопствената така и врз судбината на другите, резултира со убиство на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја симболизира борбата за родови права и еднаквост“.

Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“, низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално – етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

Претставата е на редовен репертоар во Драмски и наредната изведба ќе биде на 24 април 2025 година.

Прикажи повеќе...

Култура

50-та јубилејна изведба на претставта „Разведи ме“ во МКЦ на 9 април

Објавено пред

Во среда на 09. април, со почеток од 20:00, во МКЦ- Скопје, ќе биде одиграна 50-тата, јубилејна изведба на претставта РАЗВЕДИ МЕ, во режија на Роберт Ристов. Оваа комедија, во последните неколку години, со право можеме да кажеме дека го освои регионот а беше и наградена со ГРАНД ПРИ на Меѓународниот фестивал на дуодрама во Топола, Р. Србија. Претставата освен тоа што е изведувана, скоро низ сите градови низ Македонија, гостуваше и во: Трелеборг (Шведска), Белград, Нови Сад, Шабац, Рума, Шид, Врање, Сараево; Бања Лука, Вараждин…

dobivaj vesti na viber

Во претставата играат актерите Мирјана Ристов и Роберт Ристов, а во видеата, кои се дел од дејствието учество земаа: Зорица Панчиќ, Благоја Чоревски – Чоре и Љубомир Свановиќ (гостин од Бања Лука).

Не пропуштајте ја можноста да уживате во јубилејната 50-та изведба на урнебесната комедија „Разведи ме“, која експлицитно и без цензури ги отвара темите за неверството и разводот, ставајќи ве во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено -морални вредности.

Оваа 50 -та изведба е уште една потврда за достигнувањата на „Театар Провокација“, кој веќе 6-та година, успешно ја испишува својата приказна, како независен театар, чија мисија е да провоцира и биде совеста на општеството во кое живееме.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Европа17 минути

Трамп ја одби понудата на ЕУ: „Не, тоа не е доволно“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од...

Свет34 минути

(Видео) Се активираше вулкан на Филипините, пепелта се издигна на околу 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри...

Свет3 часа

Кина одговори на заканата на Трамп за нови царини: Ќе се бориме до крај

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа“ на американскиот пристап и вети дека ќе...

Европа3 часа

Зеленски за прв пат потврди дека украинските сили се наоѓаат во руската област Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека украинските трупи се активни во рускиот регион Белгород за да ги...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Газа е неверојатно вреден недвижен имот, би било добро да го поседуваат САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека сака САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, опишувајќи ја палестинската енклава...

Македонија16 часа

Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита...

Македонија18 часа

29-годишниот Aлександар е 61. жртва на пожарот: имал 35 отсто изгореници од трет степен

Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, е 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тој почина денес...

Македонија19 часа

Потребни се итни акции за спас на Преспанското Езеро, клучна соработката со владите во Грција и Албанија

Првиот вицепреммиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија „Рамсар“, предводена...

Македонија20 часа

Очигледно, направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува бргу да се коригира

Премиерот Христијан Мицкоски очекува бргу да се коригира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија од 33 отсто....

Македонија21 час

Се зголемува капитацијата за матичните лекари, за гинекологија и за стоматологија

Владата донесе одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори по општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април...

Македонија21 час

Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на...

Топ21 час

Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско,...

Топ22 часа

Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Вчера во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински...

Македонија24 часа

Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу снег во Крушево

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Македонија1 ден

Партијата Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните...

Свет1 ден

Милијардер близок до Трамп: Не е тоа за што гласавме

Менаџерот на Хеџ Фонд, Бил Акман предупреди дека царините на Трамп би можеле да го доведат светот во „економска нуклеарна...

Европа1 ден

Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но...

Свет1 ден

(Видео) Хамас го ракетира југот на Израел

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градовите во јужен Израел како одговор на „израелскиот масакр на цивили“...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да земете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата

СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на...