Македонија
Двајцата претседатели на Беса на одделни средби со британскиот амбасадор

Претседателите на поделената Беса, Билал Касами и Африм Гаши, оставрија одделни средби со амбасадорот на Обединетото Кралство, неговата екселенција Чарлс Гaрет.
На средбата помеѓу Касами и Гaрет се разговарало за политичките процеси во нашата земја, за улогата на Движењето Беса во давање поддршка за реформите што се предуслов за интеграција на Република Македонија во НАТО, како и за почетокот на преговорите за приклучување кон ЕУ.
„Претседателот Касами на овој состанок го искажа својот став за спорот за името со Грција наведувајќи дека оваа е еден од клучните периоди во последните 20 години ова прашање да се реши и Република Македонија и формално да стане полноправна членка на НАТО затоа што ова е единствена алтернатива што ни носи просперитет, безбедност и економски развој“, соопшти партискиот кабинет на Касами.
Двете страни се согласиле дека одличната комуникација што постои помеѓу Движењето Беса и Обединетото Кралство треба да продожи и во иднина ставајќи се во функција на приближување до западните вредности и стратешката поддршка што ни се дава како Македонија од страна на Обединетото Кралство.
Во врска со средбата што Гаши ја остварил со Гарет, другото крило на Беса соопшти дека двајцата соговорници разговарале за политичката ситуација низ која поминува Македонија.
„На оваа средба претседателот Гаши ја нагласи конструктивната улога што ја имаше Движењето Беса во целиот овој политички процес, која беше во функција на стабилизацијата на земјата и евро-атлантската агенда. Исто така, претседателот Гаши нагласи дека Беса ќе продолжи постојано да придонесува за благосостојбата на граѓаните и аспирациите за зачленување во НАТО и ЕУ“, соопшти разгранокот на Гаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)