Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев да каже дали влезе во Владата за да добива тендери и привилегии

СДСМ и Анѓушев немаат одговор на прашањата кои ги имаат граѓаните за низата скандали од невидени размери во кои е вмешан вицепремиерот за економски прашања, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение испретено од вицепремиерот Анѓушев.
„Анѓушев мора веднаш да одговори дали единствената причина поради која стана дел од владата на СДСМ е да добива тендери и привилегии за да го отплати енормниот долг од 26 милиони евра кон своите доверители. Анѓушев, Заев и Тевдовски за 11 месеци ‘сработија’ 0 проценти раст на БДП за 2017 година, пад на градежништвото, како и енормен пораст на корупцијата. Ова се ‘придобивките’ од животот кој Анѓушев и СДСМ го донесоа за македонската економија“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека за разлика од просечниот граѓанин и бизнисмен во Македонија, животот дефинитивно дошол за Анѓушев и неговите компании.
„Животот дојде за компанијата на вицепремиерот ‘Фероинвест’, која доби тендер од државната компанија ЕЛЕМ во вредност од неверојатни 2,6 милиони евра. Ветениот живот дојде и за неговата компанија ‘Брако’, која од владата доби ослободување од царински давачки за увоз на јонско-литиумски акумулатори, кои единствено ги користи фирмата на Кочо Анѓушев во Македонијa“, се наведува во партиското соопштение.
Како што се вели, останува и дилемата дали има поврзаност околу лицитирањето со името и продажбата на неговата компанија за трговија со електрична енергија ЕДС на грчкото електростопанство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)