Црна хроника
Скопјанец загинал кога со автомобил излетал од автопатот Скопје-Велес

Скопјанец на возраст од 69 години починал вчера во сообраќајна незгода на автопатот од Скопје кон Велес.
Како што информираат од МВР, незгодата се случила веднаш по првиот тунел на автопатот. Скопјанецот Н.Т. (69) управувал автомобил „ситроен берлинго“ и во еден момент изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот и паднало во амбис.
Притоа, од добиените повреди возачот починал на самото место, а телесни повреди добил сопатникот М.Н. (66) од Скопје, кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Од полицијата информираат дека работат на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.