Македонија
Владата ја врати Македонија на европската мапа, вели Партијата за движење на Турците

Реформската Влада ја врати Македонија на европската мапа, коментира Партијата за движење на Турците (ТХП) по безусловната препорака од страна на Европската комисија за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.
„Ваквиот позитивен исход е резултат на посветената и енергична работа на Владата на Република Македонија, која со успешното спроведување на 3-6-9 акцискиот план се враќа во многу посакуваниот европски колосек. Нашата партија смета дека ова е историски успех за земјата, кој наскоро ќе биде заокружен со успешна евро-атлантска интеграција. ТХП, како најголемиот политички субјект на граѓаните од турската етничка заедница и во претстојниот важен период ќе продолжи максимално да придонесува за успешна реализација на евроинтеграциските процеси. Веруваме дека Македонија и нејзините граѓани не само географски туку и со сите вредности припаѓаат на големото европско семејство“, се вели во соопштението на ТХП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
(Видео) Со „ауди“ се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел: полицијата го пронајде и казни возачот

МВР соопшти дека го пронашле и го казниле возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека во скопската населба Бутел.
Од таму велат дека во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот“.
„Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба“, соопшти полицијата.