Свет
Трамп најави дека ќе го напушти состанокот со Ким ако не бидат исполнети неговите очекувања

Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека тој ќе го оствари она што неговите претходници не можеле да го постигнат мислејќи на планираните разговори со севернокоорејскиот лидер Ким Џонг-ун, објави Си-ен-ен.
Сепак, тој потврди дека ќе биде подготвен да стане и да го напушти високоочекуваниот самит доколку средбата не ги исполни неговите очекувања.
„Ако мислиме дека нема да биде успешна, нема да биде. Ако средбата не е плодна, со почит ќе го напуштам состанокот“, рече претседателот Трамп стоејќи покрај својот јапонски колега на островот Мар-а-Лаго.
Трамп нагласи дека неговите позиции со Пјонгјанг остануваат посилни од кога било.
„Никогаш досега не сме биле во слична позиција како оваа со режимот, било да се работи за таткото, дедото или синот“, порача Трамп.
Американскиот претседател, кој минатиот месец неочекувано ја прифати поканата за разговори на севернокорејскиот лидер, продолжува со неговите планови и покрај загриженоста на сојузниците како Јапонија, чиј премиер Шинзо Абе пристигна на Флорида за да го предупреди Трамп дека поранешните преговори на САД со Северна Кореја не успеале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.
Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.