Македонија
Oсмани: По извештајот, Македонија излегува од состојба на ургентност

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, учествуваше на деветтото издание на „Компаративната анализа – извештаи на Европската комисија за Македонија 2014-2018“ во организација на Евротинк – Центарот за европски стратегии и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ).
„Една од најважните придобивки од оваа чиста препорака е дека извештајот покажа оти Македонија се врати на евро-атлантската агенда, на евроинтегративниот пат“, изјави Османи додавајќи дека овој впечаток е поткрепен и во изјавите на еврокомесарот Хан при предавање на извештајот, но и при посетата и во обраќањето на потпретседателката Могерини денеска.
„Извештајот покажа дека Република Македонија успешно ги адресира ургентните приоритети, што покажува дека е надмината политичката криза, а земјата е вратена на нормалниот демократски колосек“, истакна Османи додавајќи дека е констатиран и пристоен напредок во реформите, особено во делот на создавањето на основите, т.е. условите за стабилна долгорочна реформска агенда на државата.
Османи посочи и дека една од клучните придобивки претставува и напредокот во демократскиот и политичкиот квалитет имајќи предвид дека реформите се имплементирани со целосно почитување на процедурите на инклузивен начин, со вклученост како на граѓанскиот сектор и експертската јавност така и на опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.