Економија
За развој на социјалното претприемаштво потребна е континуирана поддршка, порачуваат аналитичарите
Одржливоста на социјалните претпријатија сè уште претставува предизвик за регионот, вклучително и за Македонија. Без обезбедување континуирани инвестиции и формирање соодветни финансиски инструменти за нивен развој, социјалните претпријатија и понатаму ќе се соочуваат со предизвиците за нивно опстојување. Системското издвојување, препознавањe и согледување на состојбите во оваа гранка од економијата, пак, ќе помогне за подобро дефинирање на институционалната поддршка на централно и на локално ниво.
Ова беа главните теми на обуките што „Конект“ ги спроведе во Струмица, Тетово и во Битола. На нив беа понудени и решенија како да се изгради здраво, самоодржливо социјално претпријатие. На обуките се претставија и постојни и потенцијални социјални претпријатија, а составот на учесниците овозможи дискусија за можни соработки и модалитети на поддршка од другите сектори.
Според експертските процени, во Македонија во моментот постојат помеѓу 40 и 100 активни или потенцијални социјални претпријатија. Тие сè уште се во нивната рана развојна фаза, повеќето од нив имаат бизнис-план или се во фазата на негово тестирање. Овој сектор е составен најмногу од мали субјекти што вработуваат помалку од 10 лица и имаат годишен приход понизок од 100 илјади евра.

„Социјалните претпријатија се одличен социо-економски модел за Македонија бидејќи креираат економски развој, но истовремено нудат и решенија на проблемите во заедницата. Во нивна поддршка треба да се вклучат: институциите на централно и локално ниво, бизнисот, граѓанскиот сектор и донаторите“, истакна Виктор Мирчевски, програмски раководител на „Конект“, организација со регионална екпертиза за социјално претприемаштво.
Обуките беа спроведени во рамките на проектот „Поддршка за развој на локални социјални претпријатија“, кофинансиран од Министерството за економија на Република Македонија. На нив учествуваа 75 претставници од бизнис-секторот, институциите и актуелни и идни социјални претприемачи.
„Конект“ во континуитет работи на градење средина за развој на социјалните претпријатија, како и партнерства помеѓу општествено одговорните компании и социјалните претпријатија, соработка што се реализира на различни начин: менторство, финансирање, корпоративно волонтирање, внесување во снабдувачките синџири на компаниите итн. „Конект“ е корисник на институционален грант од „Цивика мобилитас“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

