Спорт
Специјалната олимпијада Македонија на турнир во Русија
Специјална oлимпијада Македонија со фудбласки тим од десет атлети, лица со попреченост од ДСУ „Наум Охридски“ ќе ја претставува Македонија на Европскиот фудбалски турнир „7-a-side“, кој ќе се одржи во Ст. Петерсбург, Русија во периодот од 22. до 27. ап…


Специјалната oлимпијада Македонија со фудбласки тим од десет атлети, лица со попреченост од ДСУ „Наум Охридски“, ќе ја претставува Македонија на Европскиот фудбалски турнир 7-a-side, кој ќе се одржи во Санкт Петербург, Русија, во периодот од 22 до 27 април. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е еден од поддржувачите на атлетите од Специјалната олимијада Македонија.
На турнирот ќе учествуваат 16 тима од 12 земји, меѓу кои: Русија, Швајцарија, Казахстан, Црна Гора, Хрватска, Латвија, Летонија, Узбекистан, Словачка, Фарски Острови, Белорусија и Македонија.
– Од срце би сакал да ви се заблагодарам затоа што лесно ги препознавме нашите визии, вие сте квалитетни луѓе, знам колку енергија вложувате за да бидете подобри фудбалери и на секој начин каде што ФФМ може да помогне, ќе ви ја подадеме раката и ќе ви ја отвориме вратата. Ви посакувам многу успех и убаво дружење на турнирот во Русија – рече Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ на денешната прес-конференција во Куќата на фудбалот.
Визијата на Специјалната олимпијада Македонија е преку заедничкиот јазик на спортот да охрабриме што повеќе луѓе со интелектуална попреченост да останат активни, да се вклучат во фудбалските активности како еден од најраспространетите спортови во Европа, понатамошен развој на фудбалот во Специјалната олимпијада Македонија, да се изградат нови пријателства кои ќе овозможат едно приемчиво и инклузивно општество.
– Екипата веќе подолго време се подготвува за овој настап и, пред сè, се надеваме на добро искуство, проширување на видиците и подигање на свеста на заедницата за фудбалските способности на нашите сограѓани – велат од Специјалната олимпијада Македонија.
Турнирот е во организација на Специјалната олимпијада Русија и Фудбалската унија на Русија, кои оваа година со поддршка на УЕФА првпат по 10 години се отворени за учество на тимови од цела Европа, кои ќе се натпреваруваат во комплексот „Зенит“.
извор: ffm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стојковиќ: Одговорноста за поразот од Албанија е само моја

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста.
„Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите дека ќе го загубиме мечот од Албанија. Примивме гол по прекин на играта, во второто полувреме се обидовме да израмниме, но не успеавме. Албанија беше добро организирана во одбраната“, изјави Стојковиќ по мечот.
Следен натпревар за Србија е против Андора, но останува неизвесно дали Стојковиќ ќе остане на селекторската позиција.
Спорт
ВИДЕО: Албанците ја шокираа Србија во Лесковац, Португалците славеа и покрај промашениот пенал на Роналдо

Фудбалската репрезентација на Албанија изненади на гостувањето кај Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Голот за гостите го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под очекувањата. Сега на Србија сериозно и е загрозен пласманот на Светското првенство во 2026 година.
🚨 Rey Manaj 45′ +1
World Cup Qualification | 🏆 Serbia 0-1 Albaniapic.twitter.com/VHmftaAMia
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 11, 2025
Кристијано Роналдо промаши пенал за Португалија, но тоа не ја загрози победата на неговиот тим, кој со голот на Рубен Невеш во 90-тата минута го освои триумфот.
Турција ја декласираше Бугарија на гости со 1-6, додека Италија славеше против Естонија со 1-3. Шпанија на домашен терен го победи Грузија со 2-0, благодарение на головите на Пино и Ојаразбал, додека Феран Торес промаши пенал.
Спорт
Александар Стојанов замина од тренерската позиција во Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш.
Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата.
„Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја преземам целата одговорност. Дадов сè од себе за клубот, но кога не оди – време е да се направи чекор назад“, рече Стојанов по оставката.
Иако Беласица има најдобар старт во последните години, тимот ќе мора да продолжи без својот досегашен стратег. Клубот во следните денови ќе го објави името на новиот тренер.