Македонија
(Видео) Припадниците од Одделот за заштита добија униформи

Припадниците од Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР добија нови службени униформи.
На промоцијата говореше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој соопшти дека согласно со законските прописи, обезбедни се вкупно 464 машка и 39 комплети женска цивилна облека за припадниците на овој Оддел.
Тој образложи дека единечната цена на машките комплети (палто и пантолони), и на женските комплети (едно палто, пантолони и здолниште) изнесува по 6.560 денари без вклучен ДДВ, односно севкупно 3.299.680 денари без ДДВ.
„Целта на нашето работење е унапредување на стандардите на професионалното работење на сите вработени во Министертството. Одделот за заштита на определени личности и објекти има свој специфичен делокруг на работни ангажмани и задачи и Министерството е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење. Пред нас како Министерство претстојат уште многу задачи за решавање, уште многу активности не само во поглед на техничко-материјалните услови за работа, туку и во поглед на стручното, организациското и системско унапредување на работата на Министерството. Имаме јасна визија и продолжуваме со нејзина реализација“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на Израел и враќање во Македонија
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани на Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.
-Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање, стои во соопштението на МНРиНТ.
Претходно, МНР информира дека согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.
Воедно, оттаму апелираа до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив – Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: [email protected].
Понатаму, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: [email protected].
Оттаму додаваат дека во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.
-На крај, уште еднаш ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат во погодените региони, доколку им е потребна конзуларна помош, без одложување да се обратат на наведените СОС контакти, стои во соопштението на МНРиНТ.
Македонија
За една недела во Скопје ќе се слави шестата Парада на гордоста

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, на 21 јуни во Скопје ќе се одржи шестата Парада на гордоста, со фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права. Организаторите најавија дека годинашниот настан ќе биде протест, а не прослава, поради зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и назадувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата.
Настанот ќе започне во 18 часот во Паркот „Жена борец“, а маршот ќе тргне во 19 часот од Собранието, со застанувања пред Министерството за образование и наука и Владата.
-Овој слоган не е случаен – тој го носи нашето искуство на преживување, но и нашата одлучност, не само да опстоиме, туку да опстоиме заедно. Во време на политички притисоци, говор на омраза, институционално молчење и глобална неправда, нашиот одговор е заедништво, солидарност и радикална грижа. Протестираме затоа што сакаме да живееме во општество во кое телата, љубовта и идентитетите нема да се сметаат за закана, изјави Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица.
Активистот Стефан Петровски истакна дека годинашната парада нема да има забавна програма.
-Одлучивме дека нема што да славиме. Нема простор за перформанси и одвлекување на вниманието од реалноста. Особено не во време кога владата инвестира во општествен пропаст, наместо во култура. Нашиот марш останува гласен и одлучен, затоа што парадата кај нас не е фестивал, туку протест, рече тој.
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, предупреди дека маргинализираните заедници се сѐ повеќе исклучени.
-Имаме многу за што да протестираме оваа година. Светот, за жал, наместо да ги унапредува човековите права, ги уназадува – и сето тоа се рефлектира и на сите процеси што се случуваат во нашата земја, рече таа.
„Скопје Прајд“ се одржува од 2019 година и има за цел да ја промовира видливоста, правата и достоинството на ЛГБТИ+ заедницата, како и да поттикне поширока општествена поддршка и солидарност.
Македонија
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.
Воедно, како што стои во соопштението на Министерството, се апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив – Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: [email protected].
Понатаму, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: [email protected].
Оттаму додаваат дека во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.
-На крај, уште еднаш ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат во погодените региони, доколку им е потребна конзуларна помош, без одложување да се обратат на наведените СОС контакти, стои во соопштението на МНРиНТ.