Вести
Бан: Палестинците му се приклучуваат на МКС на 1-ви април

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун потврди во вторникот дека Палестинците на 1-ви април годинава ќе му се приклучат на Меѓународниот кривичен суд (МКС- ICC), што ќе овозможи Палестинците да покренуваат судски постапки против израелски политички и воени челници за воени злосторства.
„Статутот на 1-ви април 2015 година ќе стапи на сила за Државата Палестина“, се наведува во писмената изјава што ја потпишал Бан Ки-мун која е објавена на страниците на ОН во вторникот навечер.
Претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас ги поднесе барањата до МКС и ОН откако Палестинците, кои во 2012 година го добија статусот земја нечленка набљудувач во ОН, сакаа во Советот за безбедност на ОН да ја протуркаат резолуцијата со којашто во рок од една година би бил постигнат мировен договор со Израел кој потоа во рок од две години би се повлекол во границите од пред војната од 1967 година, односно до Западниот брег (на реката Јордан) и од источен Ерусалим, територии кои меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински земји. По повеќе притисоци Палестинците на крајот предадоа изменет .
Текстот беше одбиен, најмногу благодарејќи на лобирањето на САД кои се најголемиот сојузник на Израел. Советот за безбедност на ОН ја отфрли палестинската резолуција со осум гласови „за“, два „против“ и пет воздржани, а за усвојување беа потребни девет гласови. Русија, Кина и Франција, како постојани членки на Советот ја поддржаа резолуцијата против којашто жестоко лобираше Вашингтон. Австралија и САД, гласаа против. Пет држави, меѓу кои Велика Британија, која е постојан член на СБ на ОН и американски сојузник, беа воздржани.
Израел и САД не се потписници на Римскиот статут.
Израелците палестинскиот чекор го нарекоа нож со две сечила, и најавија дека и тие би можеле да обвинат палестински челници, во прв ред исламистичкото движење Хамас коешто владее со енклавата Појасот Газа и кое е ставено на листата терористички организации во Израел и САД, додека во Европската унија е покренат процесот за симнување од таа листа.
Израел го обвинува Хамас дека се користел со цивили како „човечки штит“ во текот израелската офанзива врз појасот Газа во јули/август 2014 година, oХамас тврди дека Израел со нападите врз цивилите во текот на 50-дневната војна во јули и август минатата година, извршил воени злосторства. Во војната во Газа беа убиени околу 2.200 Палестинци, претежно цивили од кои стотина деца, според болнички извори од Газа, додека на страната на Израел се пријавени 73 жртви од кои шест цивилни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.