Вести
Јапонија и САД ја проверуваат снимката на егзекуцијата на јапонскиот заложник во IS

Јапонската влада ги проверува снимките за погубувањето на еден од двајцата јапонски заложници од страна на џихадистичката Исламска држава (IS) објави владата во Токио ноќта кон неделата, а истовремено претставникот на Советот за национална безбедност на Белиот дом, Патрик Вентрел, изјави дека и американските разузнавачки служби работат на проверката на автентичноста на видео записот.
Претходно во саботата јапонската телевизија NHK објави дека на интернет била поставен видео снимка со фотографија на новинарот Кенџи Гото и пораката дека е убиен вториот јапонски заложник, претприемачот Харуна Јукава.
„Новата видео снимка којашто го прикажува Кенџи Гото е поставена на интернет, собираме информации“, изјави портпаролот на јапонската влада, Јошида Суга на прес-конференцијата по полноќ по токиско време. Тој ги потврдил информациите на телевизијата за пораката дека е егзекутиран вториот заложник Харуна Јукава.
Портпаролот Суга порачал дека владата го осудува тој потег и оти остро ќе одговори. Тој повторно побарал моментално ослободување на двајцата Јапонци. Додал дека во текот на ноќта кон неделата главните министри во владата со премиерот Шинзо Абе ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за случајот.
Новото видео со погубување на заложници кои се во рацете на Исламската држава дојде по 36 часа откако во вторникот џихадистите дадоа рок од 72 часа заканувајќи се дека ќе ги погубат двајцата заложници доколку не добијат откупнина од 200 милиони американски долари.
„Го видовме видеото во кое се наведува дека еден јапонски државјанин Харуна Јукава е убиен од милитантите на Исламската држава“. Разузнавачката заедница ја проверува автентичноста на снимката“, истакна во Вашингтон портпаролот на Белата куќа, Патрик Вентрел. Според него „САД остро ги осудуваат дејствата на Исламската држава и повикува на итно ослободување на заложниците“. Вентрел, исто така, истакна дека Вашингтон „целосно ја поддржува позицијата на Јапонија во овој случај“.
Автентичноста на новата видео снимка од погубување на заложници на џихадистите се’ уште не е утврдена. Експерт за државната телевизија NHK со други колеги утврди невообичаеноста на објавената снимка на која се воочува невообичаена постапка, отсутноста на логотипот на Исламската држава и отсутност на верски референци./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.