Регион
Ципрас вети дека Грција нема веќе да се задолжува и прекумерно да троши

Грција ќе излезе од кредитната програма без отворање превентивни кредитни линии, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас и најави дека Атина веќе нема прекумерно да троши како пред избивањето на должничката криза. Грција моментно е во третиот заемски режим од 2010 година, а оваа програма завршува на 20 август.
Атина се надева дека дотогаш ќе го реализира својот целосен пристап на пазарот и ќе добие слобода самостојно да ја спроведува економската политика по осум години минати под надзор на Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Некои официјални претставници на ЕУ се загрижени дека грчките политичари можеби ќе бидат под притисок повторно да почнат да трошат повеќе.
„На повидок нема продолжување на кредитната програма, ниту привиден излез од програмата, нечист или валкан излез, наречете го како сакате“, рече Ципрас пред грчките пратеници.
„Ова е чиста завршница на програмата, чист излез“, рече тој и порача: „Но, тоа не значи дека повторно ќе се вратиме на деновите на несовесно трошење“.
Кредиторите од еврозоната за Грција подготвуваат понуда за олеснување на грчкиот долг, но тоа треба да се направи под услов Атина да не се откаже од реформите и да продолжи со спроведувањето мудра фискална политика, изјави минатата недела официјален претставник на ЕУ. Грција на состанокот на министрите за финансии на еврозоната оваа недела треба формално да поднесе нацрт-економска политика, која би ја спровела по истекот на рокот на кредитот.
Ципрас се надева дека преговорите ќе завршат до крајот на јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.