Свет
Кадиров: Состојбата со човековите права во Чеченија е многу подобра од онаа во САД
Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, ги негира обвинувањата дека во Чеченија има кршење на човековите права велејќи дека тамошната ситуација е многу подобра отколку онаа во САД.
То,ј всушност, ова го кажа како одговор на изјавите на американскиот државен секретар, Џон Саливен.
„Саливен повикува да се посвети внимание на кршењето на човековите права во Чеченија. Јас, пак, велам дека во неговата изјава нема многу вистина. Кога станува збор за човековите права, ситуацијата во Чеченија е многу подобра од онаа во САД“, рече Кадиров.
Американскиот Стејт департмент неодамна објави извештај во кој се наведува дека кршење на човековите права на дневно ниво има во Русија, Иран, Кина и во Северна Кореја. Во извештајот посебно се споменуваат Чеченија, Кадиров и неговата влада.
Кадиров на ваквите обвинувања одговори дека во Чеченија е многу ниска стапката на убиства, разбојништва, киднапирања и криминал. Како што рече, етничката и верската еднаквост се приоритет во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

