Свет
Макрон пристигна во тридневна посета на САД
Францускиот претседател, Емануел Макрон, пристигна во Вашингтон во тридневна официјална посета на САД, при што првпат домаќин во Белата куќа ќе му биде Доналд Трамп.
Макрон и неговата сопруга Брижит беа поздравени од воен оркестар, кој ги отсвире Марселезата и националната химна на САД кога слегоа од авионот во базата „Ендрјус“ во близина на Вашингтон. Францускиот претседател е прв странски лидер што Трамп официјално го пречекал.
Макрон изјави дека со Трамп ќе разговараат за повеќе билатерални прашања вклучувајќи ги безбедноста и трговијата, како и темите што се на светската агенда. Иранскиот нуклеарен договор и конфликтот во Сирија се меѓу темите што ќе бидат разгледани за време на посетата.
„Ова е многу важна посета со оглед на актуелниот контекст исполнет со толку многу несигурност, проблеми, а понекогаш и закани“, рече Макрон при пристигнувањето.
Подоцна денеска, францускиот лидер и неговата сопруга ќе се сретнат со Трамп и првата дама на САД, Меланија, на вечера во историската резиденција на Џорџ Вашингтон „Маунт Вернон“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

