Свет
Уапсен напаѓачот кој прегази десет луѓе во Торонто
Возачот кој со комбе прегази десетмина пешаци во Торонто е приведен. Според последните информации, станува збор за 25-годишниот Алек Минасиан. Според канадските медиуми, возачот со изнајменото бело комбе намерно влетал во толпата во северниот дел на Торонто, при што настрадаа 10 луѓе, а 15 се повредени.

Полицијата информираше дека напаѓачот е во притвор. Тој не давал отпор при приведувањето. Според шефот на полицијата, мотивите за нападот сè уште не се познати. Според канадскиот министер за јавна безбедност во Торонто, нападот не е поврзан со прашањето на националн безбедност.
Според светските медиуми, инцидентот се случил на крстосницата меѓу улицата Јонг и авенијата Финч.

Еден сведок за Си-ен-ен изјави дека возачот намерно ги целел пешаците. „Намерно го направи тоа, сакаше сите да ги убие, луѓето паѓаа еден по еден“, кажа тој. Тој додаде и дека имало доста постари лица на улицата, но дека во еден момент видел бебешка количка како лета во воздух.
Инцидентот се случил во време кога во Торонто се одржува состанок на шефовите на дипломатиите на земјите на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот. Според снимките кои ги објавија канадските медиуми, возачот на комбето при апсењето тврдеше дека има пиштол и бараше од полицајците да го убијат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

