Македонија
Средба Џафери – Соботка: Интензивирање на парламентарната соработка со Австрија

Во рамките на учеството на Конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на Европската Унија, која се одржува на 23 и 24 април во Талин, Естонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари билатерална средба со претседателот на Австрискиот национален совет, Волфганг Соботка.
Џафери изрази задоволство од средбата, особено што се остварува непосредно пред преземањето на претседавањето на Австрија со Советот на ЕУ, што е сигнал за силна поддршка на евроинтеграциските процеси на Република Македонија.
Претседателот Соботка потврди дека Австрија ја поддржува Република Македонија во евроинтеграциските процеси и при тоа нагласи дека интензивирањето на парламентарната размена и комуникација може да придонесе во зајакнување на севкупните односи на двете земји. Во периодот што следи очекува двата парламента да продолжат да соработуваат во рамките на Парламентарното собрание на ОБСЕ преку заеднички активности на пратениците. Тој, исто така, се интересираше за актуелните случувања во земјата, особено за градењето на добрососедските односи бидејќи истите се од клучно значење за интеграција на земјата во европското семејство.
Претседателот Џафери истакна дека Македонија особено го цени фактот што Австрија ја предводи групата земји во ЕУ кои се гласни и активни поддржувачи за отпочнување пристапни преговори меѓу ЕУ и Македонија. Тој, исто така, изрази уверување дека земјата е целосно посветена на реформите кои треба да дадат конкретни резултати. Двајцата претседатели се согласија интензивирањето на парламентарната соработка да ја остварат преку заемни активности и посети, при што претседателот на Собранието, Џафери, ја повтори отворената покана до својот колега за посета на земјава во текот на 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)