Вести
Путин нареди повлекување на руските трупи од Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник соопшти дека дал упатства на вооружените сили да почнат со повлекување од Сирија, пет месеци по наредбата за започнување на воена операција со цел поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Путин на состанокот во Кремљ со министрите за одбрана и надворешни работи, рекол дека руските воени сили во Сирија ги исполниле своите цели и дека донел одлука да ги засили напорите на руската дипломатија во насока на постигање на мировен договор.Но, нагласил дека Москва ќе го задржи военото присуство. Рускиот претседател не го наведе крајниот рок за завршување на повлекувањето, туку додаде дека руските сили ќе останат во пристаништето Тартус и базата Хмејмин во сириската покраина Латакија.За аналитичарите политичките импликациии на одлуката на Путин не се познати. Не е познато дали Русија ќе ги прекине воздушните напади, но извесно е дека ќе ја зачува воената способност за интервенција во Сирија.Путин телефонски го информирал Асад за руската одлука кога е објавена во денот кога во Женева продолжија мировните преговори меѓу завојуваните страни во Сирија, под патронат на ОН.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин и Асад не разговарале за политичката иднина на сирискиот претседател.„Ефикасното дејствување на нашата војска создаде услови за почеток на мировниот процес“, истакна Путин на состанокот со најблиските соработници.„Со помош на руската војска, сириските вооружени сили и патриотските сириски сили успеаја да остварат голем пресврт во борбата против меѓународниот тероризам и да ја преземат иницијативата во сите аспекти“, истакна рускиот претседател.Путин нареди интензивирање на руските дипломатски напори за да се постигне мировен договор за завршување на граѓанската војна во Сирија, која влезе во петтата година и во која беа убиени илјадници, а раселени милиони луѓе, кои своето засолниште го побараа во Европа.Кабинетот на сирискиот претседател се огласи со соопштение и потврди дека одлуката за повлекување е во согласност со „продолжувањето на примирјето и состојбата на теренот“. /крај/хн/ст
Извор: BBC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.