Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Планот 18 е нова колективна хипноза

СДСМ и Зоран Заев, наместо да работат, посветени се на гола реторика и креваат непотребна еуфорија со цел прикривање на реалната состојба во општеството и економијата, која е катастрофална. Ваков е коментарот на ВМРО-ДПМНЕ по обраќањето на Заев во Собранието.
„Државата доби само враќање на позитивната препорака на ЕК за почеток на преговорите на Република Македонија за влез во ЕУ, што ја добиваше 6 години во низа, за последните 2 да бидат условени, токму поради политичката криза во која СДСМ ја втурна државата. ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на СДСМ, не создаде политичка криза и помогна државата да ги исполни потребните реформи. Нивото на реализација на планот 3-6-9 на истекот на деветтиот месец беше едвај 50 отсто по што мораше ВМРО-ДПМНЕ да помогне и работите да тргнат од мртва точка“, се вели во реакцијата на опозицијата.
Според оваа партија, Социјалдемократскиот сојуз покажал дека нема капацитет реално да ја придвижи државата напред, а планот 18 е уште нова колективна хипноза, која има цел да претстави дека Владата нешто работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прима слави јубилеј – 30 години постоење

Колкав број фирми можат да се пофалат со 30-годишен јубилеј, кој дополнително е обележан со постојан раст и развој? Кога на тој податок ќе го додадеме и оној дека станува збор за регионален „играч“ кој постојано го зголемува бројот на земји низ кои се шири, тогаш е јасно дека станува збор за сериозна фирма. Се разбира зборуваме за Прима која е водач во производството на мебел во Хрватска и со проширена мрежа на свои продажни салони во Македонија.
Во нејзиното 30-годишно постоење, Прима од мала производствена единица, со добра визија, идеја, волја и работа, прерасна во име кое во себе ги има инкорпорирано квалитетот, современиот начин на живеење, дизајнот и потребите на потрошувачите. А сето тоа значи квалитетно изработен мебел во сега веќе неколкуте фабрики лоцирани во Хрватска користејќи само внимателно одбрани материјали. Но Прима не би била тоа што е, доколку мебелот не е и внимателно издизајниран од дизајнери кои секогаш будно ги следат новите трендови во светот на дизајн на ентериер и кој во своите визии ги внесуваат најдобрите решенија.
Но во својот развој, Прима е пионер во проширувањето на дејноста во салоните каде што последниве години нуди неколку нови услуги кои им излегуваат пресрет на
потрошувачите и нивните потреби, како: дизајн на ентериер, дизајн на кујни по мерка, 3Д-планирање кои нивните дизајнери и архитекти ги решаваат заедно со клиентите нудејќи на тој начин индивидуален пристап и најсоодветни решенија.
Прима секогаш имала желба да им се приближи најмногу на своите потрошувачи со тоа што го најдува соодветниот простор за своите салони во сите поголеми градови, а во скоро време и својот web-shop кој овозможува преглед и нарачки од својот дом.
Тука се и услугите: мерење, 3Д-планирање, превоз и монтажа на нарачаниот мебел и најважното: удобноста и уживањето во кое секој оној што ги користи мебелот на Прима може со 100 % сигурност да го потврди.
Овој 30-годишен јубилеј постоење, Прима ќе го прослави нудејќи топ попусти на 30 артикли од својот богат асортиман.
Погледнете повеќе на следниот линк : https://www.prima-mebel.mk/30-artikli-po-top-ceni или посетете ги салоните на Прима.
(ПР)
Македонија
Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

Општина Илинден континуирано работи на урбанизација на сите населени места. Овој пат, најголема насмевка на лицата имаа најмалите жители на населеното место Илинден, кои добија ново детско игралиште. Ова спортско-рекреативно катче се наоѓа во Илинден, близу новото подрачно основно училиште, соопшти Општината.
Поставено е на изградена бетонска плоча, врз која се поставени гумени плочки. Во рамки на детското игралиште има реквизити: комбинирана лизгалка, двојна лулашка, единечна клацкалка и други разни детски фигури. Игралиштето е оградено со ограда во вид на моливи. Исто така, поставени се и павер елементи и осветлување, како и клупи и корпи за отпадоци, кои се неопходен и неизоставен дел за уредување и одржување на просторот.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на детското игралиште и истакна дека освен во просторната урбанизација, ова игралиште е од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители.
Новите детски игралишта претставуваат континуитет на успешните проекти на Општина Илинден за урбанизација и уредување на сите населени места во општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места, соопшти општина Илинден.
Македонија
„Тандемот Заев-Филипче треба да каже од каде им се милионските трансакции кон Дубаи, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Наместо празни зборови и небулозни соопштенија СДС треба да ги охрабри Заев и Филипче да одговорат на едно едноставно прашање. Заев и Филипче да кажат дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи? Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тандемот Заев-Филипче треба да и каже на јавноста од каде им се милионските трансакции кон Дубаи и на кој начин ги стекнале тие средства, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи?
Зоран Заев со една рака на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше и делеше стотици милионски тендери на своите роднини и фирми. И додека се празнеше буџетската каса, а народот осиромашуваше, Заев профитот и провизиите од криминалните зделки ги инвестира во Дубаи каде што најде сигурно прибежиште.
Филипче, продолжената рака на Заев, додека му го чува партиското столче и глуми загрижен за социјалдемократските вредности да им каже на сопартијците и граѓаните дали поседува златна виза и дали има луксузен стан во Дубаи?
Додека Заев и Филипче инвестираат и се луксузираат во Дубаи и во слободно време се веселат со Харис Џиновиќ, народот поради низата погрешни политики на СДС размислува како да го помине месецот.
Јавноста и граѓаните заслужуваат одговори а не изговори или молк. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.