Црна хроника
Се запалила „застава“, огнот зафатил уште две возила
Три возила се опожарени по полноќ во Скопје. Според полицијата, околу 00:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на на паркинг-простор на улицата Боро Менков од засега непознати причини избувнал пожар во „застава“ чиј сопственик не е познат, а подолго време била оставена на паркингот.
Од пожарот, возилото целосно изгорело, а биле опожарени и „форд ескорд“, сопственост на Б.Л. од Скопје, кое било зафатено од левата страна, и „југо“, сопственост на Л.А. од Скопје, кое било опожарено од десната страна. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

