Македонија
(Видео) Тезата на СЈО падна како круша во вода, рече Груевски
По денешното речиси шестчасовно судско рочиште за набавката на екстра луксузниот „мерцедес“, на кое сведочеа четворица сведоци, експремиерот Никола Груевски изјави дека е фрлена нова светлина врз судењето. Тој рече дека првиот сведок, кој бил на раководна позиција во „Ауто Македонија“, потврдил оти од 2005 до 2006 година е променет законот и не е можно генералниот застапник да биде единствениот што може да достави понуда на тендер. Со тоа, како што рече Груевски, паднала „во вода како круша“ тезата на СЈО дека со тендерот бил протежиран економскиот оператор.
За сведокот кој е вештак за економско вештачење, Страхил Глигоровски, изјави дека потврдил оти компанијата од продажбата на мерцедесот не остварила екстра профит. Груевски се осврна и на сведочењето на техничкиот вештак, Тале Герамичиоски, и рече дека судот ги одбил приговорите на одбраната дека неговото вештачење е пристрасно бидејќи Герамичиоски му бил политички противник, заедно со раководителот на фирмата што го вршела вештачењето, Димитар Бузлевски.
Груевски рече дека вештакот споредил одредени делови од „мерцедесот“ со делови од брендовите БМВ и „Ауди“, но пропуштил тоа да го направи со автомобили од други континенти. Следното судско рочиште за „Тенк“, кога ќе бидат изведени писмените докази, судијката Добрила Кацарска го закажа за 8 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

