Вести
Единаесет мртви на прослава на тинејџерски роденден во Мексико
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/meksiko20policja.jpg)
Единаесет луѓе се убиени во престрелка која се случила на роденденска прослава во јужна мексиканска држава Гереро, соопшти гувернерот на оваа сојузна држава.
„Не знаеме точно што се случило на таа прослава на петнаесетти роденден, меѓутоа според информациите со коишто располагаме, единаесет лица се убиени“, изјави за медиумите гувернерот на државата Гереро, Хектор Астудиљо, пренесува AFP.
Инцидентот се случил во петокот вечерта на прослава која е позната како локален обичај наречена „квинсенера“ со која девојките во Латинска Американ го одбележуваат 15-от роденден, кој се смета за премин од детство во моминство.
Масакрот се случил во селото Кунданкута, во општината Којука де Каталан. Во саботата, „оние коишто се обиделе во неколку патроли да дојдат до местото на настанот, беа дочекани со истрели“, додал Астудиљо , без да наведе други детали. Додал само дека е покрената истрага, а идентитетот на жртвите не е потврдиен.
Овој регион на Мексико е многу сиромашен и чести се пресметки на банди поврзани со наркокартелите. Државата Гереро има најголема стапка на убиства и грабнувања во Мексико. Според статистичките податоци што ги објави весникот La Jornada, најмалку 324 луѓе се убиени во Гуереро од октомври до декември минатата година, најчесто поврзани со дрогата.
На 15-ти јануари беа пронајдени живи 21 лице кои оделе на свадба, во државата Гереро грабнати една седмица претходно ги грабнаа вооружени лица.
Во оваа држава на брегот од Тихиот Океан, во септември 2014 година исчезнаа 43 студенти, чии останки сé уште не се пронајдени, и постои сомневање дека се ликвидирани од припадниците на локалниот нарко картел, во соработка со поранешниот градоначалник на Ајотцинапи кој е во притвор и локалната полиција.
Во планините на Гереро се одгледува опиумски афион од кој се добива дрогата којашто завршува на богатиот американски пазар. Многу наркокартели оперираат на територијата на Гереро, а насилствата се зачестени во планинските предели во последните месеци./крај/мф/сн.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.