Црна хроника
Кривична за скопски разбојник кој за една недела украл три автомобили
Триесет и петгодишен скопјанец доби кривична пријава порди тоа што органите на прогонот го товарат за сторени три кривични дела „одземање моторно возило“, со што тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 580.000 денари. Станува збор за Н.К. кој за полицијата е познат сторител на имотни деликти за што, во периодот 1997 до 2014 година, му биле поднесени вкупно 166 кривични пријави по однос на овој вид криминал.
Како што информираат од МВР, пријавениот Н.К., првото кривично дело го извршил на 16-ти месецов на паркинг просторот пред седиштето на Царинската управа, на скопската улица Лазар Личеноски. Тој влегол во незаклучен автомобил „фолксваген поло“, ги пронашол клучевите, го стартувал возилото и заминал во непознат правец. Одземениот автомобил бил пронајден четири дена подоцна од страна на полициски службеници и бил вратен на сопственикот.
Втората кражба на автомобил скопјанецот ја извршил на 20-ти месецов на булеварот Партизански Одреди. Тој го искористил невниманието на сопственикот, кој застанал со автомобил „мерцедес“ пред аптека, па го оставил возилото со клуч во бравата за накратко да влезе во аптеката. Рабојникот веднаш влегол во автомобилот, го стартувал и заминал во непознат правец. Истиот ден, од страна на полицајци, возилото било лоцирано на улица Јужен Булевар каде било оставено без регистарски ознаки. За кратко време Н.К. се вратил да го земе возилото, по што бил лишен од слобода и однесен во просториите на полициската станица Центар. Со него бил извршен разговор во којшто го признал делото.
Третата кражба ја извршил два дена подоцна, односно на 22-ри овој месец, на улица Филип Втори Македонски. Слично како при втората кражба, разбојникот го искористил невниманието на сопственикот кој застанал со автомобил „фолксваген голф“ пред аптека, оставајќи го возилото со контакт клуч во бравата, по што влегол во аптеката. Пријавениот веднаш влегол во возилото, го стартувал со клучот и заминал во непознат правец. Наредниот ден околу три часот по полноќ, од страна на полициски службеници, пријавениот бил затекнат како го управува украдениот автомобил, по што бил лишен од слобода и бил приведен во Полициската станица Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

