Македонија
Фазлиу на Генералното собрание на ЗЕЛС: Работиме на подобрување на финансиската стабилност на општините

„Заедно со локалните власти работиме на зајакнување на капацитетите и подобрување на финансиската стабилност на општините“, истакна министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, на кое се одбележаа и Денот на општините и роденденот на ЗЕЛС.
„Денешниот ден е повод за одбележување на фактот дека веќе 46 години во Република Македонија успешно дејствува една од најзначајните организации, Заедницата на општините, единствена, ангажирана и подготвена да се соочи со предизвиците што не се ниту мали ниту едноставни. Тие секогаш се резултат на големи системски реформи кои имаат директно влијание врз функционирањето на локалната самоуправа“, додаде тој.
Во присуство на претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, градоначалниците и претседателите на советите министерот Фазлиу истакна дека партнерството на Владата и Министерството за локална самоуправа со ЗЕЛС резултирало со успешно спроведување на процесот на децентрализација на власта.
„Очекувам, рече Фазлиу, дека ова партнерство ќе им помогне и на актуелните предизвици што произлегуваат од програмските определби на Владата за продолжување на децентрализацијата во областите во кои граѓаните ќе може да бидат поквалитетно и поефикасно сервисирани на локално ниво, со нивно вклучување во креирањето на локалните политики и донесувањето на одлуките. Во финална фаза на подготовка се измените на програмата за одржлив локален развој и децентрализација и новиот акциски план за нејзино спроведување за периодот до 2020 година. Овој чекор, како и зголемената финансиска поддршка од страна на Владата за подобрување на услугите на општините што се финансираат со блок-дотации, но и зголемениот обем на финансиски средства за рамномерен регионален развој, се позитивно оценети и во извештајот на Европската комисија. Ќе продолжиме заедно со општините и со ЗЕЛС да работиме на зајакнување на капацитетите и подобрување на финансиската стабилност“, рече министерот Фазлиу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.