Свет
(Видео) Историскo ракување на лидерите на Јужна и Севeрна Кoреја

Лидерите на Јужна Кореја и на Севeрна Кoреја, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун, срдечно се ракуваа на почетокот од историската средба во демилитаризираната зона на границата меѓу двете држави. Откако Ким ја премина демаркациската линија на зоната, го повика претседателот Мун за момент да ја премине на територија на Северна Кореја. На територијата на Јужна Кореја беше подготвена свечена церемонијата на дочек и претставување на членовите на двете делегации.
Долгоочекуваната средба се случи во пограниченото село Панмунџом. Тоа е за првпат по цела декада на иста маса да разговараат лидерите на двете Кореи. Средбата има своевидно историско значење со оглед на тоа што Ким стана првиот лидер на Северна Кореја кој стапнал на јужнокорејска територија по војната помеѓу двете земји што заврши во 1953 година.
Главна тема е нуклеарната програма на Северна Кореја, чијшто брз напредок ги зголеми тензиите на полуостровот до точка на вриење кон крајот на 2017 година. Состанокот се одржува по помалку од една недела откако Пјонгјанг најави замрзнување на сите нуклеарни и ракетни вежби и затворање на главно место за тестирање.
Според западните медиуми, Ким во книгата во „Куќата на мирот“ запишал „Новата историја почнува сега, години на мир се на историски почеток“. По почетокот на средбата Ким изјави дека сака да одржи искрени разговори за актуелни прашања и дека се надева оти самитот би водел кон добар резултат.
The handshake that made history. pic.twitter.com/JB09Ce9mHt
— BBC News (World) (@BBCWorld) April 27, 2018
„Се надевам на пишување ново поглавје меѓу нас и ова е почеток. Ние ќе донесеме нов почеток. Се надевам дека ќе исполниме очекувања што ги имаат другите од нас. Се надевам на договор што ќе исполни големите очекувања“, истакна Ким. Според портпаролот на јужнокорејскиот претседател Јун Јунг-џан, сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг изјавила дека треба да се забраза обединувањето на двете Кореи, додека Мун предложил двете земји да се поврзат со железничка линија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.