Контакт

Црна хроника

13-месечно бебе паднало од балкон во Куманово

Објавено пред

Тринаесетмесечно бебе паднало од балкон во Куманово. Детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Според полицијата, несреќата се случила вчера во 15:55 часот кога  Итната медицинска помош во СВР Куманово пријавила дека на улицата Егејска Македониј“ дошло до несреќен случај, при што бебето паднало од балкон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

76-годишен маж удрен од автомобил додека се движел со инвалидска количка

Објавено пред

76-годишниот В.М. бил тешко повреден додека се движеч со електрична инвалидска количка, а во него удрил автомобил

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„На 07.03.2025 година, околу 10.05 часот, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Александар Македонски” со улицата „Чеде Филиповски Даме” во Радовиш, 76-годишниот В.М. од Радовиш, додека се движел со електрична инвалидска количка, бил удрен од патничко возило „Опел” со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (48) од село Коџалија“, велат од МВР.

Во несреќата, В.М. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле потврдени во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Прикажи повеќе...

Топ

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

Објавено пред

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот на локацијата позната како „Дебрешки мост“. Несреќата се случила на синоќа во 22:50 часот, при што и Е.Е. и неговиот 16-годишен сопатник се здобиле со сериозни повреди.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Во моментот на несреќата, возачот Е.Е. бил сериозно повреден, а неговиот сопатник исто така претрпел телесни повреди. Првата медицинска помош беше дадена во Градската општа болница Прилеп, по што возачот беше пренесен во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Истражните органи продолжуваат со работата, а увидот е завршен“, велат од полицијата.

Надлежното Јавно обвинителство е известено за несреќата, а увидот е извршен од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Полицијата продолжува со истражата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигурност за да се избегнат трагични настани.

Прикажи повеќе...

Топ

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Објавено пред

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден од нив бил 33-годишен скопјанец, се обиделе да принудат стоматолог да им исплати 5.000 евра.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Според информациите од обвинителството, осомничените дошле во ординацијата на стоматологот по закажан термин и извршиле сериозна закана за да го уценат лекарот.

„Осомничениот му покажал на стоматологот видео клип со наводно компромитирачка содржина и побарал 5.000 евра за да не го објави видеото. Во моментот кога стоматологот започнал да го снима разговорот, осомничениот го забележал и му го одзел телефонот, ја избришал снимката и го натерал стоматологот да излезат од ординацијата“, велат од обвинителството.

Во соопштението се додава дека напаѓачите се обиделе насилно да го внесат стоматологот во автомобил, но тој се одбранил и избегал од нив. Осомничените, по заканата дека стоматологот ќе мора да плати дополнително поради снимката, побегнале во непознат правец.

„Поради сериозноста на настанот, јавниот обвинител предложи да се одредат мерки на претпазливост за првиот осомничен, како што се привремено одземање на патната исправа, забрана за приближување или контакт со оштетениот и обврска да се јавува на надлежен орган“, додаваат обвинителството.

Тековно се преземаат мерки за откривање на идентитетот на вториот осомничен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет3 часа

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...

Свет4 часа

(Видео) Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за...

Топ4 часа

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот...

Македонија6 часа

СДСМ: „Грозје не сум пробал“ но „донеси папаја и манго“, Мицкоски се однесува како султан

Опозициската СДСМ и денеска остро ги критикуваше одлуките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека се работи за „најлажаната“ влада...

Топ6 часа

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден...

Македонија7 часа

СДСМ: Таравари преку „Ѓока” ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Вчерашните изјави на министерот за здравство, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, го потврдија тоа што СДСМ го тврди –...

Македонија8 часа

Сончев викенд пред нас, време е за прошетки и уживање

Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните...

Свет20 часа

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која...

Свет20 часа

Зеленски не планира да му се извини на Трамп за расправијата во Овалната соба

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, нема да му се извини на претседателот на САД Доналд Трамп по нивниот корисен разговор во...

Топ21 час

Двајца возачи загинаа на патот Штип-Кочани

Две лица го загубија животот во тешка собраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани што се случи попладнево. Според информациите од...

Македонија22 часа

Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Собранието ја одржа 39. седница, тематски посветена на статусот и правата...

Свет23 часа

Целосен пресврт – Трамп и се закани на Русија со остри мерки до мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз...

Македонија1 ден

Болните не треба да плаќаат паркинг, Таравари и Владата да ги заштитат граѓаните, а не приватникот, има решенија, вели Лазаревски, експертот за ЈПП

Договор во кој приватникот треба да изгради две монтажни катни гаражи и да одвојува еден отсто од годишниот приход за...

Економија1 ден

Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

Кај осум правни субјекти пазарната инспекција констатирала целосно непоичитување на владините мерки од кои три маркети, една аптека и три...

Македонија1 ден

Филков: Не смееме да дозволиме жртвите на кривични дела со насилство да останат без заштита, а насилниците да бидат неказнети

На третиот правосуден форум за родова рамноправност на Западен Балкан, министерот за правда, Игор Филков, порача дека нема напредок во...

Македонија1 ден

Продолжувањето на проектот „Скопје 2014” ќе биде поздравено од идејниот творец, кој е на печалба во Будимпешта, Жерновски за натстрешникот на МНР

„Не мора да се носат наочари за сонце бидејќи нè зафаќа сè поголема сенка. Токму овој потег е она што...

Македонија1 ден

Паркирањето на Клинички ќе биде 50 денари, што за Таравари е добра цена, но вели дека договорот не е потпишан и ќе поништи ако јавноста е против

Секогаш ми значи мислењето на јавноста, договорот со албанската компанија за паркингот на Клинички центар не е потпишан и може...

Македонија1 ден

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава....

Европа1 ден

Орбан: ЕУ нема пари, а планот за вооружување може да ја уништи Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го исмеа амбициозниот нов план на ЕУ за големи дополнителни трошоци за одбраната, предупредувајќи дека тоа...