Македонија
Груби – Бучино: Италијанска поддршка за членство во ЕУ и НАТО

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, го прими директорот за ЕУ и билатерални односи со земјите од Западен Балкан во италијанското Министерство за надворешни работи, Џузепе Бучино, кој престојува во земјава. На средбата од страна на Груби акцент беше ставен на заложбите на владината коалиција и парламентарното мнозинство за реализација на надворешно-политичките приоритети на земјава, почнувањето на пристапните преговори со ЕУ и добивањето покана за членство во НАТО.
На средбата се разговараше и за регионалната соработка и напорите на нашата земја во насока на унапредувањето на односите со соседите, особено во контекст на изнаоѓање достоинствено решение со нашиот јужен сосед во врска со проблемот со името. „Никогаш не сме биле поблиску до решение”, изјави Груби, при што изрази оптимизам за наредниот период кој следи во врска со преговорите кои се во тек меѓу двете страни.
Соговорниците разменија мислења и околу неодамнешниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и безусловената препорака за почнување на пристапните преговори со ЕУ. Груби ја потенцираше официјалната констатација од ЕУ дека политичката криза е завршена и дека земјата е вратена на евро-атлантската агенда. Тој искажа подготвеност за продолжување на реформите и унапредување на степенот на подготвеност за водење на процесот на преговори, воедно изрази благодарност за конзистентната поддршка која земјава ја добива од Италија во процесот на пристапување во ЕУ.
Џузепе Бучино искажа увереност и спремност за натамошно унапредување на блиските релации меѓу Македонија и Италија, преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални односи на двете земји, изразувајќи заемна подготвеност за нивно натамошно унапредување и продолжување на политичкиот дијалог на највисоко ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)