Регион
Туск на средби со Колинда Китаровиќ, Илир Мета и Бојко Борисов

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред самиот почеток на Процесот Брдо-Бриони одржа билатерални средби со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, претседателот на Албанија, Илир Мета, и претседателот на Бугарија, Бојко Борисов.
Исто така, претседателката на Хрватска одржа билатерална средба со претседателот на Словенија, Борут Пахор.
На билатералните средби се разговараше за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смила во контекст на новата стратегија на Европската Унија за Западен Балкан.
Претседателите на земјите од регионот по истите точки ќе разговараат и на пленарниот состанок кој ќе се одржи во рамките на Процесот Брдо-Бриони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.