Македонија
Сметот од депонијата во Струга ќе заврши во Дрисла, алармираат советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Градот Скопје станува главна депонија во Македонија во која треба да се слеваат депониите и од другите градови во државата што е недозволиво и со катастрофално влијание по однос на животната средина.Во Скопската депонија Дрисла се транспортира ѓубрето од Тетово, а најново е што од страна на општина Струга е објавен јавен тендер за избор на компании кои ќе постават контејнери и ќе го пренесат сметот од депонијата во Струга, изјави Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
„Исто така беше кажано дека за целава активност во игра e депонијата Дрисла, и мислиме дека ова е премногу сериозна работа и дека ова е нешто што не треба да се премолчи, туку напротив треба да се стопира. Ако се земе во предвид фактот дека целосната кампања на градоначалникот Петре Шилегов и ударниот момент од таа кампања за што ја доби довербата на граѓаните на град Скопје беше екологија и чист воздух, за нас ова е вознемирувачко и недоследно за она што се ветуваше и за она сега што се случува.Едно од прашањата е дали градоначалникот на град Скопје дозволи и даде одобрение за одлуката сметот од депонијата Струга да се носи во град Скопје во Дрисла? Дали имаат направено анализа какво влијание тоа ќе има врз животната средина? Дали се во прашање приватни бизнис интереси на луѓе блиски до власта кои треба да профитираат од сето ова?“, прашува советничката од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, се работи за тони и тони отпад во распаѓање што ќе има катастрофално влијание врз здравјето не само на граѓаните од околината на Дрисла туку и на граѓаните кои живеат во Скопје. „Дали носењето на отпад во Скопје е предмет на коалициски договор СДСМ-ДУИ? Скопје не може да стане главна депонија во државата, Шилегов и власта да ја повлечат идејата за транспортирање на отпадот од Струга во Дрисла“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регионална иницијатива за превенција од пожари на Западен Балкан

Во услови на зголемени ризици од пожари, започна регионална иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Иницијативата, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да го поттикне интегрираното и одржливо управување со екосистемите, наместо традиционалниот пристап што се фокусира исклучиво на гаснење.
Пожарите оставија сериозни последици врз природата, економијата и животот на граѓаните, а над 90% од нив се предизвикани од човечка невнимателност — факт што укажува дека превенцијата е клучна.
Преку интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и активности на терен, иницијативата тежнее да создаде предели и заедници отпорни на пожари.
„Природата е наша заедничка одговорност. Со здружени напори можеме да постигнеме нула пожари предизвикани од човечки фактор,“ велат од Министерството.
Македонија
Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат од компанијата „Мирана“ преку официјално соопштение.
Од ударот се оштетени дел од просториите на „Биокосмос“ и, како што посочуваат од таму, тие привремено ќе бидат надвор од употреба додека не се санира штетата.
Фабриката „Мирана“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не била зафатена од пожарот и производствениот процес таму продолжува непречено.
Во пожарот нема повредени лица.
Центарот за управување со кризи, претходно денес информира дека пожарот бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите на ЦУК, огнот зафатил магацински простор со фрижидери и канцеларии со документација, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.
Македонија
(Видео) Едниот качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните кои дивееа низ улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и непромислена „возачка забава“ по скопските булевари.
Во видеото се гледа како едно лице стои на хаубата од автомобил во движење, а возачот, покрај тоа што управува без дозвола, вози и без регистарски таблици. Станува збор за 20-годишниот С.З. и 19-годишниот Р.Ѓ., двајцата од Скопје. Против нив се покренати поднесоци по неколку основи, вклучително и управување без возачка дозвола, загрозување на сопствената и туѓата безбедност, како и дозволување управување на лице без дозвола.
Од МВР информираат дека лицата биле веднаш повикани на службен разговор, а полицијата презема и дополнителни активности за целосно расчистување на случајот.