Црна хроника
Тригодишно дете е повредено во сообраќајка во Тетовско

Тригодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17,50 часот на локалниот пат Требош- Џепчиште, Тетовско.
Несреќата се случила во близина на пругата, кога се судриле „мерцедес“ со тетовски регистерски таблици управувано од И.Е.(27) и „волксваген пасат“ со тетовски регистерски таблици, управувано од К.М.(33) од село Порој. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило тригодишно дете сопатник во патничкото моторно возило „пасат“, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиникиот центар во Тетово, од каде било препратено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две лица повредени во судир со комбе на Брза помош на Партизанска

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу полноќ на булеварот Партизански одреди во Скопје, во која учествувале повеќе возила.
Според информациите, до несреќата дошло при директен судир на патничко возило со комбе на Брза помош од приватна болница. Од Итната медицинска помош потврдија дека двете лица, кои се здобиле со полесни повреди, биле веднаш пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а повеќе детали за причините кои довеле до судирот се очекуваат во наредниот период.
Топ
Двајца возачи загинаа на патот Штип-Кочани

Две лица го загубија животот во тешка собраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани што се случи попладнево.
Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобили „пежо“ и „фолксваген“. Едното од од возилата се запалило, а двајцата возачи починале на лице место.
Се работи на утврдување на причините за несреќата.
Црна хроника
Велосипедистка повредена во сообраќајна несреќа во Горно Лисиче, возачот побегнал

Вчера во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрило во велосипед управуван од Ј.Б.(70) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во незгодата, Ј.Б. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.