Свет
Русија пушти пловечка нуклеарна централа, Гринпис ја нарече „пловечки Чернобил“
Русија пушти во употреба пловечка нуклеарна централа, потег кој наиде на широки критики од заштитниците на животната средина. Пловечката централа, именувана „Академик Ломоносов“, беше пуштена вчера од пристаништето во Санкт Петерсбург.
Таа ќе плови низ Балтичкото море, а во Мурмански нуклеарните реактори ќе бидат полнети. Ако се биде по планот, „Академик Ломоносов“ ќе биде пуштена во употреба во 2019 година во Чукотка, на Далечниот исток и ќе обезбедува енергија за пристанишниот град и нафтените капацитети.
Од Гринпис овој проект го нарекоа пловечки Чернобил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

