Црна хроника
Во Скопје 32 сообраќајни незгоди и 23 повредени

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, 17 со телесни повреди и 14 со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди и 22 лесни телесни повреди. Потоа, 65 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Шест возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло.
Од сообраќај се исклучени и 95 возачи: 45 го управувале возилото пред да стекнат право за управување моторно возило, десетмина биле возачи почетници и 40 поради тоа што возеле под дејство на алкохол.
Исто така, од сообраќај се исклучени и 46 возила, 42 биле нерегистрирани, едно технички неисправно и три возила поради претовареност. Санкционирани се и двајца пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 249 мандатни платни налози, а исто така 123 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.