Контакт

Економија

„Алкалоид“ оствари раст на извозот од 9 отсто и реализира 51 ново вработување во првите три месеци од 2018 година

Објавено пред

Компанијата „Алкалоид“ АД оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2018 година, покажуваат неревидираниот единичен и неревидираниот консолидиран биланс на успех.

dobivaj vesti na viber

Според единичниот биланс на успех, во првите три месеци од годинава продажбите достигнале 1.845.629.963 денари, што е 4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 365.029.832 денара, бележи зголемување од 7 отсто, единичната нето-добивка изнесува 215.295.378 денари и таа е зголемена 6 отсто.

Во периодот јануари – март вкупните консолидирани продажби достигнале 2.458.001.587 денари, што е 5 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се на исто ниво, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен 9 отсто. Од вкупните консолидирани продажби, 36 отсто се остварени на домашен пазар, а 64 отсто се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34 отсто, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 8 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20 отсто и на другите пазари се остварени 2 отсто од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во САД со продажби од 49.862.281 денар, што претставува зголемување од 2,7 пати, и Унгарија со продажби од 29.834.403 денари, што претставува зголемување од 10 пати во споредба со истиот период минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Полска – раст од 353 отсто, Украина – раст од 123 отсто, Косово – раст од 38 отсто, Чешка – раст од 31 отсто, Србија – раст од 28 отсто итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 85 отсто. Од нив поголем удел имаат ОТЦ-препаратите со 19 отсто, кардиолошките препарати со 16 отсто, антибиотиците со 17 отсто, невролошките препарати заземаат 13 отсто од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментите хемија, козметика и билкарство учествуваат со 15 отсто во вкупните консолидирани продажби или поточно хемија учествува со 3 отсто, козметика со 8 отсто и билкарство учествува со 4 отсто.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 414.007.823 денари, бележи раст од 6 отсто, а консолидираната нето-добивка во износ од 246.800.792 денара е зголемена 7 отсто.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2018 година изнесуваат 357.342.100 денари, што е речиси трикратно зголемување во однос на истиот период од 2017 година.

Во периодот јануари – март 2018 година во „Алкалоид“ се реализирани 51 ново вработување во Република Македонија.

Економија

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Објавено пред

Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.

dobivaj vesti na viber

Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.

Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.

„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.

Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.

„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.

„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари

Објавено пред

Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.

Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.

Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.

Прикажи повеќе...

Економија

BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто

Објавено пред

Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.

dobivaj vesti na viber

На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.

Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .

Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.

Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.

Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.

Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.

Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.

Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.

Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

СДСМ избира ново раководство

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство. Со...

Свет4 часа

Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина

Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за...

Топ17 часа

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го...

Топ17 часа

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50...

Македонија22 часа

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија22 часа

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Македонија1 ден

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет1 ден

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет1 ден

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет1 ден

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет2 дена

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија2 дена

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија2 дена

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија2 дена

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија2 дена

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија2 дена

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ2 дена

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија2 дена

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија2 дена

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...