Црна хроника
Тетовка во притвор по обидот да внесе хероин во земјава
Кумановското основното јавно обвинителство започна постапка против 33-годишна тетовка осомничена дека сторила кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Обвинителството постапува по кривична пријава поднесена од Царинската управа против тетовката која се товари дека на 30 април на граничниот премин Табановце при влез во земјата се обидела да внесе наркотична дрога хероин.
Имено, осомничената како патник во автобус, во преграда што се наоѓала на потпирачот за рацете и која била наменета за отпад, се обидела да скрие две најлонски пакувања замотани во хартија со наркотична дрога хероин со тежина од 13,44 грама. Дрогата бил откриена и одземена од страна на овластени царински службеници.
За осомичената е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена сметано од 1 мај годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете фатено со марихуана во Карпош
Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Жена фатена додека краде во маркет во Прилеп
Вчера во 10.50 часот во маркет лоциран на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.К.(38) од прилепско. Таа била затекната при вршење на кражба во маркетот. Украденото е одземено и вратено на сопственикот.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Три скопјанки нападнати од нивните сопрузи во домовите и на автобуска постојка
Полицијата информираше за три случаи на семејно насилство што се случиле во едно деноноќие на територијата на Скопје.
Се работи за жени на возраст од 30, 31 и 42 години, кои биле жртви на семејно насилство во своите домови и на автобуска постојка.
Во првиот случај, 30-годишна жена пријавила дека на 21 ноември околу 02.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.С.(41).
Истиот ден во 15 часот, 42-годишна жена во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Т.(47). Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во третиот случај, 31-годишна жена, пријавила дека на автобуската постојка во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.З.(33), со кој одреден период биле разделени, а при нападот и го скршил и мобилниот телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.