Македонија
Пратеничката Прентовиќ на седница во Парламентарното собрание на франкофонијата во Рим
Од 3 до 4 мај 2018 година Организацијата за храна и земјоделство на ОН во Рим, Италија, ќе се одржи седница на Комисијата за соработка и развој на Парламентарното собрание на франкофонијата (ПСФ), на која ќе учествува Татјана Прентовиќ, пратеник и член на делегацијата на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на франкофонијата (ПСФ).
Во агендата на оваа седница ќе се дебатира за дигиталната и економската франкофонија, безбедноста на храната во земјите на франкофонскиот простор, информатичка поддршка на земјоделството, активностите на Француската агенција за развој, активностите на Светската банка во областа на економскиот развој, корупцијата во франкофонскиот простор, следење на економската стратегија на франкофонијата, примена на информатичките технологии во полза на одржливо земјоделство, здравствените системи во франкофонскиот простор, следење на меѓународните трговски преговори водени во рамките на СТО.
На учесниците на оваа седница ќе им се обрати Жак Крабал, парламентарен генерален секретар на Парламентарното собрание на франкофонијата, претставници на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, Монсеф Фолен, експерт за економија и одржлив развој во МОФ, Бенуа Шарет, известител од Канада, Ндула Тијам, известител од Мали и многубројни експерти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

