Спорт
Скомина знае дека ја оштетил Рома
Рома не успеа да направи чудо против Ливерпул и да избори пласман во финалето во Лигата на шампионите. На „волчицата“ и недостигаше еден гол за да избори продолженија во полу-финалниот реванш.
Рома синоќа на „Олимпико“ го победи Ливерпул со 4:2, не усп…


Рома не успеа да направи чудо против Ливерпул и да избори пласман во финалето во Лигата на шампионите. На „волчицата“ ѝ недостигаше еден гол за да избори продолженија во полуфиналниот реванш.
Рома синоќа на „Олимпико“ го победи Ливерпул со 4:2, не успеа да ја стигне негативата од првиот натпревар, а прашање е каков тек ќе имаше натпреварот доколку Словенецот Дамир Скомина во второто полувреме досудеше пенал во две спорни ситуации.
Најпрвин беше сигнализиран офсајд кога голманот Кариус го собори Един Џеко во шеснаесетникот на Ливерпул, а потоа Скомина и неговите помошници не видоа кога Александер-Арнолд со рака го блокира ударот на Ел Шарави.
Според новинарот на телевизијата beIN, Танкреди Палмери, во соблекувалната, по завршувањето на натпреварот, на Скомина му станало јасно дека направил грешка и дека Словенецот лошо се чувствувал поради тоа.
Ливерпул во големото финале на 26 мај во Киев ќе игра против Реал Мадрид.
EXCLUSIVE: Referee Skomina after the game in the changing room felt destroyed after realising the mistakes, admitted he was wrong
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) May 2, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Француз го засили Борнмут

Фудбалскиот клуб Борнмут, најде замена за одличниот Милош Керкез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Францускиот лев бек Адриен Труфер потпиша петгодишен договор со „клубот од јужниот дел на Англија.
Труфер има 24 години и е роден во Белгија, но играше за сите помлади категории на Франција, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2022 година.
Тој пристигнува од Рен, каде што беше стандарден во привот тим во изминатите пет сезони.
Salut, Adrien 🇫🇷👋
We're delighted to announce the signing of Adrien Truffert on a five-year deal from @staderennais 🍒 pic.twitter.com/dnqibKbFgN
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 16, 2025
Спорт
Ал Хилал не се откажува од Осимен, му нуди 50 милиони евра годишна плата

Ал Хилал не се откажува од ангажманот на Виктор Осимен. Нигериецот досега одби неколку понуди да се пресели во Саудиска Арабија. Последната понуда изнесуваше 30 милиони по сезона. За да го уебди Ал Хилал повторно ја зголеми понудата.
Виктор Осимен се врати во Наполи, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај. Осимен не е во добри односи со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Јасно е дека ќе го нашушти клубот, проблем за Наполи е што никој сем Ал Хилал нема намера да издвои 75 милиони евра за Нигериецот.
Од Ал Хилал се упорни, ја зголемија понудата, сега на Осимен му нудат годишна плата од 50 милиони евра.
Дали ќе ја одбие и оваа понуда ќе биде познато во наредните денови.
Спорт
Педро го продолжи договорот со Лацио

Шпанскиот ветеран Педро Родригез и на 38-годишна возраст успеа да добие нов договор.
Челниците на фудбалскиот клуб Лацио имааат целосна доверба во искусниот крилен напаѓач кој ќе остане на „Олимпико“ до јуни 2026 година.
Победникот на Европското и Светското првенство со Шпанија е во Лацио од 2021 година, има постигнато 34 гола на 176 натпревари.
Пред Лацио, тој помина една сезона во градскиот ривал Рома, пет години во Челзи и седум во Барселона.