Економија
Велковски: Воведуваме зелена нафта за понкурентно земјоделство
Воведуваме зелена нафта преку кофинансирање на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. Ова го најави денеска на прес-конференција Диме Велковски, пратеник на СДСМ и коалицијата во Собранието.
„Над 54.000 земјоделски стопанства, кои имаат евидентирано земјоделски површини во Единствениот регистар на земјоделските стопанства во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, ќе набавуваат поевтино гориво за својата механизација. Мерката со која се помагаат земјоделските стопанства е во висина од 50 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000 денари за земјоделско стопанство. Финансиската поддршка што ќе биде обезбедена од буџетот на Република Македонија ќе биде во висина од 310 милиони денари годишно“, рече Велковски.
Додаде дека со оваа мерка значително ќе се намалат трошоците, ќе им бидат олеснети условите на земјоделците, а производството ќе стане поконкурентно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Mинистерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 8 ноември ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“, на која ќе стане збор за состојбите во Европската Унија и за политиките за надминување на актуелните и идните предизвици.
Проширувањето на ЕУ е тема на панел-дискусијата во која министерката Димитриеска-Кочоска ќе се осврне на реформите што ѝ претстојат на земјата на патот за полноправно членство во ЕУ, а кои се содржани во неодамна усвоената Реформска агенда, при што ќе ја нагласи цврстата определба на Владата за нејзино спроведување.
Конференцијата е дел од активностите на организацијата „Пријатели на Европа“, преку кои се поттикнува дебата помеѓу засегнатите страни – креаторите на политики, бизнис-заедницата, граѓанското општество, а со цел креирање политики и процеси кои ќе создадат поинклузивна, одржлива и напредна Европа.
Во Брисел, министерката за финансии ќе оствари средби и со високи претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а ќе се состане и со претставници од Европската народна парија (ЕПП).
Економија
Објавен jавниот повик за мерка 7 од ИПАРД програмата во вкупен износ од 14 милиони евра
Заложбите за земјоделците продолжуваат со користење на средства од ЕУ фондовите, со што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2024 за доставување на барања за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000,00 денари.
Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Македонија.
Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од: 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси.
Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.
Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија.
Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година, информира Министерството за Земјоделство
Економија
Потрошувачки кредит на Халкбанк – првиот чекор кон остварување на вашите цели
Сонувате за незаборавно патување? Се замислувате како го истражувате раскошот на Јапонија, динамиката на Кореја или мистиката на Индија. Ви се чини дека тие дестинации се далечни и недостижни?
Сакате да го проширите своето знаење и да се доедуцирате и да стекнете нови вештини и знаења кои ќе ве издвојат? Без разлика дали станува збор за обука во странство, учење нов јазик или надградување на професионалните способности – овие можности се чекор поблиску до вашите цели и соништа.
А можеби сакате да го трансформирате својот дом? Замислете го омиленото катче – удобно и стилски уредено, со уникатни парчиња кои ќе му дадат посебен „шмек” на вашиот простор. Сите овие идеи, желби и планови можат да станат дел од вашето секојдневие со понудата за потрошувачки кредит од Халкбанк. Со овој кредит достапен е износ до 1.500.000 денари (25.000 евра), кој може да се отплаќа до 95 месеци и истиот е со фиксна каматна стапка од 5% за целиот период на отплата. Ова значи дека месечниот трошок е предвидлив и стабилен, а Вие можете да се фокусирате на вашите потреби и планови без дополнителни трошоци.
Со понудените услови, Халкбанк нуди поддршка за примателите на плата преку банката, како и за сите кои ќе се одлучат да ја префрлат платата во банката, ослободени од дополнителни трошоци за обработка на кредитот и провизија за предвремена отплата. Оваа можност е наменета за задоволување на најразлични потреби, со финансиска поддршка што е долгорочно предвидлива и приспособена на секојдневните барања.
Сега е можноста да ги направите првите чекори кон реализација на сопствените идеи – префрлете ги вашите замисли во реалност со потрошувачкиот кредит на Халкбанк.
ПР