Економија
ФАО објави повик за изработка на физибилити-студии за консолидација на земјоделското земјиште
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) го објави повикот за изразување интерес за учество на тендер за консултантски услуги за физибилити-студии за консолидација на земјиште во 12 консолидациони области во Македонија. Физибилити-студиите треба да ја покажат оправданоста на спроведување на консолидацијата на земјоделското земјиште во претходно идентификуваните 12 потенцијални области во државата.
Објавувањето на јавниот повик е во рамките на проектот финансиран од Европската Унија – „Воведување национална програма за консолидација на земјиште“ (MAINLAND), кој го спроведува ФАО заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со огласот се покануваат сите овластени геодетски компании што се заинтересирани да земат учество во престојниот тендер да достават изјави за интерес според насоките и барањата. Рокот за доставување на изјавите за интерес е 7 мај 2018 година.
Физибилити-студиите ќе обезбедат детаљна анализа на сегашната ситуација во секое од избраните консолидациони подрачја со особен акцент на состојбата со фрагментираноста на парцелите во дефинираното подрачје, сопственичката структура на земјиштето, обемот на земјоделско производство, моментната состојба со руралната инфраструктура (рурални патчиња, системи за наводнување и одводнување и др.), потребите од инвестирање во рехабилитација и/или изградба, како и оправданоста за имплементирање на постапките за консолидација и значењето за понатамошниот развој на руралната заедница. Физибилити-студиите исто така треба да ја потврдат подготвеноста на земјоделците, сопственици на земјоделско земјиште, активно да учествуваат во процесот.
Врз основа на анализата на ситуацијата студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите, а исто така ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во нови пристапни патишта и инфраструктура за наводнување и одводнување во зависност од потребите во секоја заедница.
На почетокот на март, врз основа на евалуација наспроти неколку критериуми за избор, беше направен избор од 12 локални заедници со највисок потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиште, каде што ќе се спроведуваат физибилити-студиите. Избраните заедници се: Стојаково во општина Богданци; Логоварди, Трн, Оптичари и Жабени во општина Битола; Лешаниво – општина Дебарца; Чешиново, Соколарци, Спанчево и Чифлик во општина Чешиново-Облешево; Царев Двор во општина Ресен; и Моноспитово во општина Струмица.
Во насока на ефикасно спроведување на активностите за консолидација на земјоделското земјиште преку воспоставување соодветни правни механизми за учество и заштита на сопствениците на земјоделско земјиште во самиот процес е и усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за консолидација на земјоделското земјиште, кои вчера беа изгласани во Собранието на РМ.
Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живеење во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Mинистерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 8 ноември ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“, на која ќе стане збор за состојбите во Европската Унија и за политиките за надминување на актуелните и идните предизвици.
Проширувањето на ЕУ е тема на панел-дискусијата во која министерката Димитриеска-Кочоска ќе се осврне на реформите што ѝ претстојат на земјата на патот за полноправно членство во ЕУ, а кои се содржани во неодамна усвоената Реформска агенда, при што ќе ја нагласи цврстата определба на Владата за нејзино спроведување.
Конференцијата е дел од активностите на организацијата „Пријатели на Европа“, преку кои се поттикнува дебата помеѓу засегнатите страни – креаторите на политики, бизнис-заедницата, граѓанското општество, а со цел креирање политики и процеси кои ќе создадат поинклузивна, одржлива и напредна Европа.
Во Брисел, министерката за финансии ќе оствари средби и со високи претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а ќе се состане и со претставници од Европската народна парија (ЕПП).
Економија
Објавен jавниот повик за мерка 7 од ИПАРД програмата во вкупен износ од 14 милиони евра
Заложбите за земјоделците продолжуваат со користење на средства од ЕУ фондовите, со што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2024 за доставување на барања за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000,00 денари.
Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Македонија.
Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од: 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси.
Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.
Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија.
Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година, информира Министерството за Земјоделство
Економија
Потрошувачки кредит на Халкбанк – првиот чекор кон остварување на вашите цели
Сонувате за незаборавно патување? Се замислувате како го истражувате раскошот на Јапонија, динамиката на Кореја или мистиката на Индија. Ви се чини дека тие дестинации се далечни и недостижни?
Сакате да го проширите своето знаење и да се доедуцирате и да стекнете нови вештини и знаења кои ќе ве издвојат? Без разлика дали станува збор за обука во странство, учење нов јазик или надградување на професионалните способности – овие можности се чекор поблиску до вашите цели и соништа.
А можеби сакате да го трансформирате својот дом? Замислете го омиленото катче – удобно и стилски уредено, со уникатни парчиња кои ќе му дадат посебен „шмек” на вашиот простор. Сите овие идеи, желби и планови можат да станат дел од вашето секојдневие со понудата за потрошувачки кредит од Халкбанк. Со овој кредит достапен е износ до 1.500.000 денари (25.000 евра), кој може да се отплаќа до 95 месеци и истиот е со фиксна каматна стапка од 5% за целиот период на отплата. Ова значи дека месечниот трошок е предвидлив и стабилен, а Вие можете да се фокусирате на вашите потреби и планови без дополнителни трошоци.
Со понудените услови, Халкбанк нуди поддршка за примателите на плата преку банката, како и за сите кои ќе се одлучат да ја префрлат платата во банката, ослободени од дополнителни трошоци за обработка на кредитот и провизија за предвремена отплата. Оваа можност е наменета за задоволување на најразлични потреби, со финансиска поддршка што е долгорочно предвидлива и приспособена на секојдневните барања.
Сега е можноста да ги направите првите чекори кон реализација на сопствените идеи – префрлете ги вашите замисли во реалност со потрошувачкиот кредит на Халкбанк.
ПР