Контакт

Економија

Цените на храната остануваат стабилни во април

Објавено пред

Индексот на ФАО за цените на храната се задржа стабилен во април, со просек од 173,5 поени за месецот, степен повисок од тој во март и 2,7 процента повисок во однос на истиот месец 2017 година. Цените на житните зрна и млечните производи го продолжија нивниот неодамнешен тренд на пораст, а оние на шеќерот продолжија да опаѓаат. ФАО исто така ги објави своите првични предвидувања за сезоната 2018/2019 предвидувајќи пад на глобалното производство на житните култури и резерви, од кои и двете бележеа рекордни нивоа.

dobivaj vesti na viber

Раните предвидувања за глобалните пазари на житни култури во годината што следува се поволни и покрај прогнозираниот пад според новиот извештај на ФАО за понуда и побарувачка на житни зрна објавен денеска. Глобалното производство на житни култури во 2018 година се очекува да падне на 2.607 милиони тони, околу 1,6 отсто помалку од рекордната жетва во 2017 година.

Падот најмногу се должи на очекуваниот пад во производството на пченка, особено во САД. Намаленото производство на пченица во најголем дел е поврзано со очекуваниот пад во Руската Федерација по исклучително високите количини произведени претходната година. Во меѓувреме ФАО дава приближни предвидувања дека светското производство на ориз ќе се зголеми 1,3 отсто и ќе достигне 510,6 милиони тони поставувајќи нов рекорд првенствено поради зголеменото одгледување во Азија.

Што се однесува до употребата на житни зрна, новата прогноза на ФАО – и за храна и за добиточна храна – исто така укажува на највисоко ниво од 2.626 милиони тони. Тоа се одразува на проектираното зголемување на искористувањето на оризот во светски рамки од 1 процент, зголемување на глобалното искористување на пченицата од 0,8 проценти и зголемување на вкупната искористеност на сурови зрна од 0,4 проценти, од кои искористувањето на пченката за добиточна храна се очекува да се зголеми од 2,8 процента на нови 615 милиони тони. Најголемото годишно зголемување на употребата на пченка за добиточна храна е предвидено во Кина и Јужна Америка.

Како резултат на тоа, ФАО очекува светските резерви на житни култури кон крајот на сезоната во 2019 година да паднат 2,7 отсто, а соодносот помеѓу светските резерви и вкупното производство на житни култури и нивната вкупна искористеност да се намали на 27,2 отсто, што е помалку од 16-годишното високо ниво од 28,8 отсто во 2017/2018, но многу над историскиот минимум од 20,4 проценти регистриран во 2007/2008 година. Првичната прогноза на ФАО за меѓународната трговија со житни култури во годината што следува е фиксирана на 406 милиони тони, што значи само 0,6 отсто пад од највисоката очекувана за тековната сезона.

Индексот на ФАО за цените на житни култури се зголеми 1,7 отсто во април, што е четврти последователен месечен пораст, и сега е 15,4 отсто над неговата вредност пред една година. Цените на пченицата беа под влијание на климатските ризици во САД, а намаленото производство предизвикано од суши во Аргентина и пониските количини насади во САД ги зголемија меѓународните цени за пченка. Цените на оризот исто така се зголемија. Индексот на ФАО за цените на млечните производи се зголеми 3,4 проценти од март како одраз на силната побарувачка за сите производи од млеко, како и загриженоста за можностите за извоз во Нов Зеланд.

Индексот на ФАО за цените на храната е мерка за месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Пад беше забележан во април на три други подиндекси. Индексот на ФАО за цени на растително масло е намален 1,4 процент од март, а индексот на ФАО за цените на месото е намален 0,9 проценти.

Индексот на ФАО за цените на шеќерот падна 4,8 отсто во април од претходниот месец, продолжувајќи со намалувањето што започна во декември минатата година, а во просек е 24 отсто понизок од април 2017 година. Пониските цени се одраз на вишокот понуда како резултат на рекордото производство на Тајланд и во Индија, вториот најголем светски производител на шеќер, како и девалвацијата на валутата на Бразил, најголемиот светски производител.

Економија

Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа

Објавено пред

„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Објавено пред

Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.

dobivaj vesti na viber

Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.

Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.

Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава

Објавено пред

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:

dobivaj vesti na viber

„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“

Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.

„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 минути

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет29 минути

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет1 час

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија17 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија19 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија20 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет20 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет21 час

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија22 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет23 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ23 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија23 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија2 дена

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет2 дена

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија2 дена

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија2 дена

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ2 дена

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија2 дена

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...