Европа
Германија најави забрзување на процедурата за депортирање мигранти
Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, вети дека ќе направи сè што може за да се пресмета со нелегалната миграција, да ги забрза процедурите за добивање азил, а оние кои ќе бидат одбиени да бидат депортирани најбрзо што може.
Паралелно со објавувањето на новиот план за мигрантите, стотина германски полицајци денеска спроведоа рација на засолништа за мигранти во местото Елванген на југот на земјата, неколку дена откако група мигранти ги спречија властите да депортираат 23-годишен државјанин на Того.
„Тоа што се случи во Елванген беше шлаканица за граѓаните кои го почитуваат законот“, рекол министерот. Тој додал дека правото на гостопримство не може да се гази на таков начин и вети дека властите ќе ја употребат сета своја сила и решителност да ги процесиураат барателите на азил кои во понеделникот спречија депортирање на момчето.
Според најновиот план, германската Влада сака да ги смести мигрантите во неколку центри најмногу до две години. Тие нема да бидат разместувани низ земјата пред обработка на нивните барања за азил. Во тие центри ќе работат судии, а барателите на азил коишто ќе бидат одбиени веднаш ќе бидат депортирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
ЕУ одлучи да ги искористи замрзнатите руски средства за вооружување на Украина
Советот на Европската унија денеска усвои низа правни акти за да се осигура дека нето добивката од неочекуваните пари и вонредните приходи од замрзнатите руски средства се користат за воена поддршка за Украина, како и за зајакнување на капацитетот на нејзината одбранбена индустрија и реконструкција.
Тоа значи дека финансиските институции кои чуваат руски замрзнати средства на своите сметки во износ од повеќе од еден милион евра ќе дадат финансиски придонес од нивната нето добивка акумулирана од 15 февруари годинава.
На 12 февруари 2024 година, Советот на ЕУ одлучи дека финансиските институции кои поседуваат повеќе од еден милион евра во средства и резерви на Руската централна банка, која е имобилизирана со низа рестриктивни мерки од страна на ЕУ, мора да ги издвојат вонредните средства што се акумулираат поради овие мерки и дека не можат да располагаат со нето добивката што произлегува од тоа.
Одлуката денеска и формално ја потврди Советот откако на почетокот на месецов беше постигнат договорот на амбасадорско ниво.
Според таа одлука, 90 отсто од овие средства ќе одат во фондот на ЕУ за воена помош за Украина, а останатите 10 отсто за нејзината одбранбена индустрија и одбрана.
Според проценките на ЕУ, замрзнатите руски средства би можеле да донесат меѓу 15 и 20 милијарди евра до 2027 година.
Европа
Ги убил двајцата внуци, па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија
Трагедија се случи во мал шпански град кога пензионер ги уби своите двајца внуци на возраст од 10 и 13 години пред да се самоубие – два месеца откако сопруга и ќерката му загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.
Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.
Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во разни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.
Едното дете е убиено со огнено оружје, а другото се удавило.
Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, а другото се верува дека се удавило.
Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.
Неговата сопруга и ќерката, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот кога беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.