Црна хроника
Прегазено четиригoдишно дете во Велес
Четиригодишно дете е прегазено во среда вечер во 20.20 часот во велешката населба Превалец. Возачот кој го прегазил девојчето избегал, но полицијата утрово го приведе.
Несреќата се случила кога возачот со своето возило налетал на детето кое заедно со својата мајка и братот чекале такси превоз за Горно Јаболчиште.Повреденото дете веднаш било префрлено во велешката болница, но лекарите не успеале да го спасат. Возачот е приведен утрово, а пронајдено е и возилото „голф 2“ со кое го прегазил девојчето. Триесет и седумгодишниот возач избегал и автомобилот го оставил кон село Фојница, општина Чашка.По наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на обдукција./крај/ффс/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.