Европа
Словаците масовно на протести за одбрана на медиумите од цензура
Десетици илјади Словаци протестираат на улиците на Братислава и во уште 20 градови, а земјоделците во знак на солидарност со трактори го блокираат патиштата на истокот и северот на земјата, во одбрана на телевизијата и радиото од цензура и притисок на политичарите.
Колоната се упати кон зградата на словачкото радио, каде што се протестираше во знак на поддршка на отпуштените новинари од националната телевизија и радио и за нивните колеги кои останаа на работа, но во отворено писмо до јавноста предупредија дека се подложени на притисоци и цензура, откако пред седум месеци на чело на РТВС дошол поранешниот директор на националната новинска агенција ТАСР, Јарослав Резник.
„Една од лекциите на кои нè научи смртта на Јан Куцијак е дека за слободата на медиумите мора да се бори и општеството. Ако сакаме пристојна полиција, судови и институции, потребни ни се и пристојни медиуми, кои не се слуги на политичарите. Затоа заедно ја отфрламе ‘нормализацијата’ која почна во РТВС“, соопштија организаторите на протестите.
Вознемирност за ситуацијата изрази и претседателот на Словачка, Андреј Кишка. „Изјавите на новинарите за цензура, отпуштања поради тоа што го искажале нивното мислење – е недозволиво. Јавниот сервис не е сопственост ниту на директорот, ниту на партијата којашто таму го сместила“, порача претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.