Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со 200 илјади тони отпад од Струга, метрополата стана депонија
„Шилегов наместо метропола од Скопје прави главна депонија, 200 илјади тони отпад од Струга се потенцијална еколошка катастрофа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија тврдат дека на Скопје му претстои еколошка катастрофа, а градоначалникот Шилегов ја замајува јавноста со периферни теми.
„Јавното Претпријатие Дрисла договори, а Градот Скопје воден од Шилегов молчи за пренесување на Струшката депонија во Скопје. 200 илјади тони отпад во распаѓање ќе биде пренесуван низ Скопските улици и општини со цел да се транспортира во општината Студеничани каде се наоѓа скопската депонија Дрисла. 200 илјади тони отпад се еколошка потенцијална бомба и извор на заразни болести за граѓаните“, соопштува партијата.
Според нив. струшката депонија под претпоставка дека а е стара десетина години значи дека се работи за околу 200 илјади тони отпад.
„Дополнително во Дрисла се слеваат 150 илјади тони отпад годишно од подрачјето на Скопје и 35 илјади тони отпад од Тетово. Ова е премногу за градот Скопје, под закана се сите општини под градот Скопје“, стои во соопштението.
Тие бараат Петре Шилегов без заобиколување да понесе одговорност и да реагира пред да биде предоцна и пред да се случи еколошка катастрофа.
„ Треба да одговори на прашањата: дали е спремен да превземе одговорност доколу се случи да има појава на заразни болести, чиви бизнис и политички интереси седат зад ваквата операција, дали се работи за политички пазар меѓу коалционите партнери на власт, што е со средствата со кој владата се фалеше дека ќе ја решава струшката депонија, дали бизнисот е повреден од човечкото здравје, и дали вака Шилегов ќе се бори за почист воздух за скопјани?Според акцискиот план за управување со отпад треба да се направат депонии во секој од осумте плански региони, а не цела Македонија отпадот да го носи во Дрисла“, соопштува партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

