Македонија
Милошоски: Да се распушти коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ да поддржи една изборна единица
Антонио Милошоски на својата фејсбук страница го искажа своето мислење за коалицијата „За подобра Македонија“ и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ја поддржи идејата за една изборна единица.
„И на крај моето скромно мислење, поздраво за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде прво да се распушти коалицијата “За подобра Македонија” и да се почне од ново, или истата драстично да се редуцира. И второ, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи идејата за една изборна единица и на тој начин како носечка партија да се ослободи од нужноста да влече во коалицијата партии кои не се релевантни, а преку поголемите партии стануваат некои фактори во Собранието или во советите. Со една изборна единица нема да има голема потреба од предизборни коалиции, секоја партија ќе може да се измери колку и тежи довербата, а потоа во Собрание да се коалицира на основа на програми и интереси, наместо после избори да се менуваат коалициски дресови и на тој начин да се изигрува вољата на гласачите“, нашишал тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

