Македонија
(Видео) Полумаратонците и тркачите на пет километри стигнаа на финишот
Додека, тркачите на маратонот сѐ уште газат по улиците на Скопје, полумаратонците и оние кои трчаа пет километри стигнаа на финишот.
Во генералниот пласман на полумаратонот Дарио Ивановски беше прв со 01.09.10, Атанас Анчевски заврши втор со 01.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 01.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 01.29.15, Амела Трозиќ со 01.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 01.35.06.
Трката на 5 километри беше најмасовна, но само 6 луѓе ја имаа можноста да ги освојат првите 3 места во категоријата мажи и категоријата жени. Кај машките натпреварувачи први беа Богдан Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.
За прв пат над 10.000 натпреварувачи застанаа на стартот на Виз Ер Скопски маратон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

