Македонија
Одбележан Денот на полицијата во кругот на МВР
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со раководството на Министерството, денеска, по повод 7 Мај, Денот на македонската полиција, остварија средба со претставници на семејствата на загинатите припадници на македонската полиција.

Беше положено цвеќе на спомениците на паднатите бранители (во кругот на МВР), а министерот Спасовски на средбата со членовите на семејствата на загинатите припадници на Министерството им врачи решенија за летување на семејствата на загинатите бранители во одморалиштата на МВР во Охрид и Преспа.
Делегации на МВР положија цвеќе и на спомениците на загинатите бранители во Жена-парк во Скопје, како и во касарните „Ѓорче Петров“ и „Илинден“. Традиционално, делегации од МВР ги посетија Домот за згрижување деца и младинци „11 Октомври“, како и Домот за доенчиња и мали деца во Битола и Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово, истовремено врачувајќи им на децата скромни подароци.Инаку, во изминатите неколку дена во рамки на одбележувањето на Денот на македонската полиција беа одржани низа вежбовни и други активности на полицијата, а вчера во Штип се одржа и централната манифестација по повод 7 Мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

