Свет
При ракетен напад погодена претседателската палата во главниот град на Јемен
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја бомбардираше претседателската палата во Сана, при што има и жртви, изјавија денеска жители на главниот град на Јемен.
Очевидци информираa дека авиони извршиле неколку воздушни удари врз Сана, околу пладне по локално време, при што неколку проектили ја погодиле претседателската палата, лоцирана во фреквентната трговска област Тахрир.
Our children are having their year end exams. They have already missed out a lot on their education. This is happening in Sanaa now as they sit for exams. Imagine if these are your own children, what would you do? Huge explosions and ..fear and anxiety. #Yemen MT @alasaadim pic.twitter.com/GXZVYS8Rzx
— Trad American Angel™ (@RightWingAngel) May 7, 2018
Не е познато дали во тие момемнти во палатата биле лидерите на шиитските бунтовници, хути, кои имаат контрола врз главниот град на Јемен. Жителите изјавите ги дале анонимно, поради страв по нивната безбедност.
36 Yemeni civilians were counted so far as casualties of this massacre by US-Saudi war criminals in the most crowded area of Sanaa, at rushing hour!
Pic shows building of one of the presidential offices. In Tahrir downtown, where banks, stores, schools, hospitals were open. pic.twitter.com/begEqlIPZp
— Nasser Arrabyee (@narrabyee) May 7, 2018
На слики објавени на социјалните мрежи можат да се видат луѓе чии лица се крвави како резултат на нападот, а исто така има и снимки на кои се гледа чад над Сана.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија се бори против бунтовниците хути, со цел во Јемен да ја врати на власт меѓународно признаената влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.