Свет
Парагвај ќе ја премести Амбасадата во Ерусалим
Парагвај до крајот на месецот ќе ја премести Амбасадата во Ерусалим, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Според Министерството, парагвајскиот претседател Орасио Картес планира да дојде во Израел кон крајот на месецот за да ја отвори Амбасадата во Ерусалим. Парагвајското Министерство за надворешни работи соопшти дека таква одлука сè уште не е донесена. Одлуки за дислоцирање на амбасадите веќе донесоа САД и Гватемала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американците извршија воздушен напад врз градот Сана и аеродром во Јемен
Делови од Јемен денеска беа нападнати од воздух, вклучително и главниот град Сана и аеродромот во Худаида, според ТВ Ал Масира, главната телевизија на движењето Хути што го контролира поголемиот дел од Јемен.
Цел на воздушните напади биле и јужниот дел на градот Замар, јавува телевизискиот канал. Телевизијата Ал Масира објави дека американските и британските сили ги извршиле нападите, но извор од британската влада изјави дека Велика Британија не е вклучена.
Американски официјални лица изјавија за Асошиетед прес дека американската војска нападнала голем број цели на Хутите во Јемен. Мета беа системи за оружје, бази и друга опрема што им припаѓа на бунтовниците поддржани од Иран, рече претставникот.
Сè уште не е достапен точниот број на цели бидејќи мисијата сè уште завршува, но медиумите на Хутите сугерираат дека седум напади го погодиле аеродромот во Ходеида, како и областа Катеиба, која е дом на воена база под контрола на Хутите.
Хутите, проиранска милитантна група, почнаа да напаѓаат меѓународни бродови минатиот ноември во знак на солидарност со Палестинците во Газа.
Нападите на Хутите ги поттикнаа американските и британските одмазднички напади, но и ја попречија глобалната трговија, бидејќи сопствениците сега ги пренасочуваат бродовите подалеку од Црвеното Море и Суецкиот канал.
Свет
Три болници во Либан престанаа да работат поради израелските напади: „Лекарите избегаа“
Три болници во Либан, меѓу кои и една во близина на јужните предградија на Бејрут, објавија денеска прекин на своите активности поради израелските напади врз земјата, пренесува либанската новинска агенција АНИ.
Приватната болница Сент Тереза во близина на јужните предградија, каде што е седиштето на Хезболах, соопшти дека ги прекинува услугите поради блиските бомбашки напади и пријави голема штета во објектот со кој управуваат калуѓерките.
Две јавни болници во јужен Либан исто така најавија прекин на нивните активности. Болницата Маис ал Џабал во близина на границата ги „прекина сите услуги“ поради израелските напади и тешкотиите во снабдувањето и пристапот.
Директорот на болницата Марџајун, трета установа, изјави за АФП дека бил принуден да се евакуира и да ја затвори по израелскиот напад врз спасувачите од организација поврзана со Хезболах која оперирала надвор пред влезот на болницата додека ги транспортирала повредените.
„Во израелскиот напад цел беше амбулантно возило пред главниот влез, што предизвика паника кај персоналот“, изјави д-р Муенес Калакес. Убиени се четворица вработени во Исламскиот здравствен одбор, поврзан со Хезболах, пренесува АНИ.
„Поради недостаток на персонал и бомбардирањата, моравме да ја затвориме болницата“, рече тој, иако неговиот објект е отворен откако израелските напади почнаа да се интензивираат на 23 септември.
„Четири дена немавме анестезиолог или лабораториски експерти затоа што многу луѓе избегаа“, вели Калакеш.
Вчера министерот за здравство Фирас Абијад изјави дека повеќе од 40 спасувачи и пожарникари загинале во израелските напади за три дена. Според него, од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах пред речиси една година загинале 97 спасувачи.
Повеќе од 1.110 луѓе се убиени од 23 септември, според извештајот на АФП заснован на официјални либански податоци. Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел „да им дозволи на спасувачите да стигнат до бомбардираните локации за да ги евакуираат“ повредените.
Свет
Бајден: Израел се уште не одлучил што да прави во врска со иранскиот ракетен напад
Американскиот претседател Џо Бајден одржа прес-конференција.
Тој вели дека Израел се уште не одлучил што да прави во врска со иранскиот ракетен напад. За Бенјамин Нетанјаху, Бајден вели дека израелскиот премиер треба да запомни дека ниту една администрација не му помогнала на Израел повеќе од неговата.
Но, тој исто така вели дека Израел има „секое право да одговори“ на нападите на Иранците и другите како Хезболах. „Сепак, факт е дека тие мора да бидат многу повнимателни во справувањето со цивилните жртви“, додава тој.
На прашањето како Израел треба да одговори на иранскиот ракетен напад, Бајден вели дека тоа е меѓу Израел и него. Претседателот беше прашан што би можеле да направат САД за да го запрат избувнувањето на сеопфатна војна, на што тој рече „правиме многу“.
„Главната работа што можеме да ја направиме е да се обидеме да го натераме остатокот од светот и нашите сојузници да учествуваат, за да се стави крај на ова“, вели тој.
„Но, кога имате такви ирационални противници како Хезболах и Хутите, тешко е да се одреди“, рече тој.