Македонија
Манчевски: Заедно со граѓаните ќе креираме акциски план за отворено владино партерство

Заедно со граѓаните ќе креираме акциски план за отворено владино партерство, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој денеска ја отвори конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020“.
Како што истакна тој, воспоставувањето доверба меѓу владите, граѓанските организации и граѓаните е од клучно значење за јакнење на демократијата во едно општество.
„Заложбата за транспарентност и отчетност, како и вклучувањето на граѓанскиот сектор претставуваат високи приоритети за Владата. Во тој контекст е отвореноста и спремноста да ги слушаме потребите, критиките и препораките на граѓаните. Во изминатиот период сите политики и закони на кои работевме во МИОА беа дефинирани и комуницирани во голем број јавни расправи, консултации и работни средби со сите засегнати страни. Тука сакам особено да ја поздравам и посветеноста и спремноста на граѓанските организации да придонесат со својата експертиза, анализи и истражувања, секогаш кога тоа е потребно“, посочи министерот Манчевски.
Додаде дека нивна цел е да имаат фокусиран и конкретен акциски план, насочен кон иновативни мерки.
„Новиот акциски план не треба да биде гломазен и со голем број различни мерки и цели за да може и имплементацијата и реализацијата на предвидените цели да биде конкретна, мерлива и целосна“, информираше министерот Манчевски.
Министерот Манчевски се осврна и на активности за унапредување на политиките за објавување отворени податоци од државните институции, заради подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите.
„Националната стратегија за отворени податоци ја дефинира основната стратешка насока за развој на околината за отворени податоци. Процесот на идентификување на податоците во рамките на институциите, врз основа на критериуми за селектирање податоци и информации кои може да се објават во отворен формат. Пристапот е обратен од тоа што било пракса до сега. Наместо да одлучуваме кои информации да бидат отворени, ние размислуваме само кои информации не треба да бидат отворени“, заклучи министерот Манчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)