Македонија
(Видео) Мицкоски: Зоран Заев продал државно земјиште кое завршило во рацете на Вице Заев

Зоран Заев во својство на градоначалник на Струмица продал државно земјиште кое завршило во рацете на Вице Заев, обвини во видеообраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој тврди дека пред четири години било одржано јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште во Струмица, каде се јавил само еден понудувач – лицето Сашко Брндевски, од Струмица, бизнис-партнер во една од компаниите на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.
„На лицитацијата постигната е цена од 2300 денари за метар квадратен, а парцелата со намена за изградба на објект за колективно домување е со вкупна површина од 18462 метар квадратен.
Пред издавање одобрение за градење Општина Струмица, во тоа време, ќе повторам, водена од Зоран Заев, одобрува на продадената локација да се градат осум нови седумкатници со вкупна бруто изградена површина од 52850 м2.
Во февруари 2016 година Зоран Заев на Сашко Брндевски му издава одобрение за градење станбена зграда бр. 8. Во истиот месец во 2016 година лицето Сашко Брндевски склучува договор за пренесување право на градење на предметната парцела со правните лица ‘Тотал инженеринг’ – сопственост на Вице Заев и АД ‘Пелагонија Струмица’, во чиј управен одбор во тоа време пак е братучедот на Заев, Трајче Заев“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека како надоместок за тоа што им отстапил право на градење, лицето Сашко Брндевски добило стан од 40 квадратни метри.
„Потписници на овој документ се Вице Заев, Сашко Брндевски и управителот на АД „Пелагонија’, Јанев, каде член на управен одбор во тоа време е братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев. Ова отвора сомнеж дека бизнис-партнерот на Заеви е само параванот, а потоа јасно се гледа дека зградите се градат токму од компанијата на братот на премиерот Зоран, Заев, Вице Заев. Во месец март 2016 година Зоран Заев носи решение за промена на инвеститор, каде што наместо Сашко Брндевски, нови инвеститори на станбената зграда се двете наведени фирми. Така што ова е документ каде јасно се гледа дека Зоран Заев, сега премиер, тогаш градоначалник на општина Струмица, се потпишува на решението каде стои фирмата на неговиот брат Вице Заев и фирмата каде неговиот прв братучед е член на управен одбор“, обвини Мицкоски.
Тој упати апел до јавното обвинителство да испита дали се работи за постапка каде што однапред се знае добитникот на парцелата, под кои услови е отстапено правото на градење, како и да се испита потеклото на парите на Брндевски, околу 700 илјади евра, кои се уплатени на сметката на Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјотресот на Света Гора почувствуван и во Македонија

Силниот земјотрес на Света Гора почувствуван и во југоисточниот дел на Македонија.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 7 јуни 2025 година регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Република Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 5.2.
Земјотресот беше почувствуван во југоисточниот дел на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, известија од Сеизмолошката опсерваторија.
Македонија
АХВ го одбележа 7 Јуни – Светски ден на безбедна храна

Aгенцијата за храна и ветеринарство и оваа година се приклучи и ја поддржува глобалната иницијатива и го одбележа 7 јуни, Светски ден на безбедна храна. Со едукативен и спортско рекреативен настан наменет за граѓаните и децата, денес, во паркот Авионче во скопската населба Ново Лисиче на присутните им беа поделени едукативни флаери за безбедноста на храната, а за најмалите се одржаа спортско-рекреативни игри преку кои се афирмираше безбедноста на храната и нејзиното значење.
На 10 јуни, во вторник, со поддршка и во соработка со Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе одржи настан за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната на која ќе учествуваат реномирани претстставници од EFSA, од научните и други институции поврзани со прашпања кои се однесуваат на производството на храна и нејзината безбедност.
Годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна – 7 јуни е „Науката во акција“ и тоа денес не потсетува на важноста на науката како основна алка од синџирот на безбедна храна. Едноставно, тоа е дел без кој не се може и кој ги создава основите за креирање на политиките за безбедност на храната од страна на институциите, како што е и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Преку едукативниот спортско рекреативен настан кој се одржа денес и настанот кој во соработка со EFSA ќе се одржи во вторник, АХВ и годинава активно работи на подигнување на свеста на граѓаните за важноста на безбедноста на храната и за превенирање и управување со ризиците со цел унапредување на нивното здравје.
Македонија
(Видео) Василевски: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја освои локалната власт. И По 4 години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените 4 нови градинки, рече денеска на прес-конференција Бојан Василевски, ОО СДСМ Аеродром.
„Овиe градинки беа првиот од 7-те топ приоритети на Муцунски и Митески во програмата со кои ја освоија довербата на нашите сограѓани од Аеродром. Митески и Муцунски ветија целосно нови градинки во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, но еве, четири години подоцна, ниту една од овие ветени градинки до денес не е ни започната со градба“, вели Василевски.
Според него, околу 700 дечиња годишно се на листа за чекање за упис во градинка, заради недостатокот на места во градинките во Аеродром.
„ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром покажа целосна незаинтересираност за решавање на овој проблем. Единствениот објект на градинка кој се гради во моментов во Стар Аеродром е со 70.000.000 денари, средства обезбедени од Владата на СДСМ во 2024 година. Само за споредба, кога со Општина Аеродром управуваше СДСМ се изградија 2 нови градинки со вкупен капацитет од 400 деца. Целосно нов објект Црвенкапа во Стар Аеродром со капацитет од 200 деца и целосно нов објект Буба Мара во Ново Лисиче со капацитет од исто така 200 деца“, кажа Василевски.